На кои комплименти мажите паѓаат?

Сите сакаме комплименти, а некои од нив ги памтиме многу долго и можат да ни измамат насмевка на лицето и по време. Освен што сакаат да ги делат, мажите сакаат да примаат комплименти, а следните сигурно ќе му го освојат срцето.

Насмевката може да каже многу за мажот. Тоа е всушност, одраз на негова душа. Токму неговата насмевка е на врвот на пописот, кога станува збор за комплиментите. Мажите сакаат да мислат дека се многу смешни, дури и кога повремено тоа не се. Комплиментот за неговата духовитост многу ќе му годи. Кажете му дека е многу духовит и ќе ја видите неговата реакција.

Постојат повеќе придавки кои ја опишуваат личноста на мажот, во распон од привлечен и интересен до силен и маркантен. Без оглед кој збор ќе го одберете, комплимент за неговата личност е нешто што мажот нема да го заборави. Кога станува збор за нивната природа, мажите се овде контрадикторни. Иако сакаат да добијат комплимент дека имаат цврста личност, исто така сакаат и комплименти за својата нежна страна. На пример можете да му дадете комплимент за тоа како е по природа чувствителен и нежен, а тој ќе има насмевка од уво до уво.

Било кој комплимент за тоа како е силен ќе го нахрани неговото его, па дури и кога се работи за извршување на мали работи, како што е отворање тегла. Без оглед дали станува збор за готвење или поправка на машина, комплимент за неговите вештини ќе измами насмевка на лицето.

Голем број на мажи сака да верува дека поседуваат супериорен интелект во односот на своите колеги. Комплимент за неговото знаење е нешто што мажот тешко ќе го заборави.

Кога станува збор за физичката подготвеност и кондиција, мажите често знаат да бидат суетни. Ако му дадете комплимент за неговата подготвеност, ќе зборува со денови како се труди да остане во добра форма и колку е тоа напорно. Во право е, тоа ни малку не е лесно и поради тоа тој комплимент така и годи.

Ако мислите дека само жените сакаат комплименти за својот изглед, тогаш не сте во право. Мажите и тоа како сакаат комплименти за тоа како добро изгледаат. Мажите многу ценат кога некој ќе ги пофали за нивната генијалност. Значи, комплименти за тоа колку е оргинален и инвентивен можат да бидат една од најдобрите работи кои можете да му ги кажете.

автор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: