10 типови на луѓе кои ви го загорчуваат животот

‘Какви ти се мислите, таков ти е животот’ -вели старата изрека. И не само тоа. Ние во просек со 5 луѓе најмногу време поминуваме. Што значи ако сте опкружени претежно со успешни луѓе, на добар пат сте сами нешто да постигнете (ако веќе не сте). Ако сте опкружени со позитивни луѓе, ќе бидете среќни. Сепак, внимавајте ако сте опкружени со луѓе кои можат да ви го загорчуваат животот- себични, злопамтила, дволични, лажговци…

Бидете внимателни, бирајте со кој се дружите и тргнете се од следните луѓе:

Критичари. ‘Еј, гледам дека имаш нова фризура! Штета, тоа не е за мене. Такви фризури се само за оние кои имаат бори’. Дали ваквите реакции ви се познати? Таквите луѓе користат сарказам во комбинација со вообичаени комплименти. Мора да се спуштите на нивно ниво и да одговорите во нивен стил. Тие не се навикнати да слушаат исти коментари. Кога ќе ја почувствуваат вашата сила, ќе ве остават на мир.

Жртви. Со години не сте се виделе и не знаете ништо за животот на својот пријател. Таквите пријатели никогаш немаат време за вас. Одеднаш, тој или таа се појавуваат на вашата врата: Нема пари за наем, нема каде да живее итн… Таквите луѓе треба да се отфрлат без било какво жалење. Тие само ве користат.

Паничари. Тоа се луѓе кои создаваат беспотребна паника без оглед на време и место. Можеби нема да успеете правилно да ја анализирате ситуацијата кога такви луѓе се во близина и така ќе се најдете во нивната нервна олуја. Ваквите луѓе треба посебно да се избегнуваат ако планирате патување или одмор. Нема да ви дозволат да се опуштите.

Дволични. Овој тип на луѓе се за избегнување, бидејќи не можете да им верувате- ќе ве предадат штом ќе им се укаже прилика за тоа. Знаете и сами- слаткоречиви се пред вас, но штом се свртите не е иста приказна. Никој ништо убаво нема да слушне за вас од нив. Секогаш преувеличуваат и лажат. А се’ поради популарноста во друштво и желба да им се допаднат на другите.

Себични. Се хранат со вашата љубов и внимание. Ве држат за себе ветувајќи ви сешто, а ништо од тоа не испочитуваат. Исто така, секогаш прават она што посакуваат. Од такви луѓе треба да се бега што е можно побргу. Тие се сакаат само себе.

Сенки. Овие луѓе одамна го напуштиле вашиот живот. Кога ќе ги сретнете, дури не знаете за што да зборувате, но сепак ги пуштате повторно во својот живот поради заедничко минато. Кога ќе се заврши било кој однос, не се задржувајте во него. Ослободете се од таа личност за да запознаете нешто ново и поубаво. Не се опкружувајте со сенките на своето минато.

Лажов. Ако забележите дека вашите сакани многу ветуваат, а не исполнуваат, време е да се поздравите.

Злопамтила. Таквите луѓе можат со години да ги помнат вашите најситни грешки. Секоја ситуација ја користат да се сеќаваат на моментот кога сте ги повредиле или растажиле, иако сте се извинале веќе илјада пати за тоа. Кога покрај себе имате песимистична личност на која и’ нема помош, последица на тоа е константно чувство на вина. Зарем тоа не е доволна причина за избегнување на таквите луѓе?

Завидливи. Во нивниот живот е многу полошо отколку во вашиот. Ви завидуваат дури и ако сте во подобро расположение отколку тие, а нив така со години не им било. Со таквите луѓе константно чувствувате емотивен замор. Дали ви е потребно? Комуникацијата би требало да носи радост и среќа, во спротивно избришете ги таквите луѓе од вашиот живот.

Измамници. Ваквите луѓе не гледаат ништо погрешно во измамата. Да се биде со друга личност за нив е нормална работа. Тип на луѓе кој мислат дека се апсолутно слободни во својот живот, љубовта и начинот на размислување. Вашите чувства не претставуваат ништо за нив. Ако му простите на таквите луѓе, сигурно ќе ја повторат истата грешка одново и одново.

извор: stil.kurir.rs

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading