Не губете време со луѓе поради кои не се чувствувате добро

Сигурно барем еднаш во животот сте имале околу себе одредени личности со кои никогаш не сте се чувствувале добро: оние кои прават другите да се чувствуваат слабо, погрешно, неспособно, кои ја потиснуваат својата радост, цел, ентузијазам. Постојат толку многу луѓе од различни врсти, но овие луѓе имаат едно заедничко: ви го трошат времето и здравјето. Тие буквално крадат фрагменти од вашиот живот од кои никогаш нема да се опоравите. Зошто не треба да се губи време со некои луѓе:

1. Вашето време е драгоцено (и нема да се врати). Дали навистина имате толку време на располагање за да ги потрошите животните фрагменти со луѓе кои не работат ништо, освен што не вреднуваат она што правите, она што сте? Покрај тоа што ќе се чувствувате болно додека сте со нив, времето кое сте им го посветиле, ќе биде изгубено и нема да го вратите; тоа е време со загуба кое ви одзема многу повеќе од неколку минути: одзема самодоверба, радост, енергија; што поминуваат повеќе минути се’ повеќе ќе ја губите желбата за живот: тоа не е само време кое го губите со нив, туку ви одзема сила потребна да продолжите по својот пат. Ви го црпат животот.

2. Ве понижуваат. Тие почнуваат со иронични шеги, саркастични исмејувања, а потоа пополека, се прекриваат со престапи: ‘Ти зборувам за твое добро’ , ‘Знаеш дека сум искрена личност и не можев да ти го кажам тоа’, итн. Не е прашање на искреност или љубезност, туку вербално малтретирање: позади ова однесување се крие наметнато омаловажување кон вас, поради кое ќе се чувствувате инфериорно. Би било доволно да се работи на себе така да вие со другите можете да имате здрав и урамнотежен однос, но таа работа не зависи само од вас, затоа во надеж дека другите ќе одлучат да ги зацелат своите внатрешни рани и да се соочат со совеста, треба да се дистанцирате и да го прекинете маѓепсаниот круг на малтретирање. Да се дистанцирате од луѓето кои постојано ве малтретираат и кои наместо да уживаат во своите успеси и да ве подржуваат вас во одредени моменти, тие без престан негираат.

3. На долги патеки можат да ве заразат (и вие ќе станете едни од нив). Ако вашиот круг се состои само од нефункционални луѓе, полека ќе почнете да мислите дека однесувањето како нивното е нормално и така ризикувате да го повторите истото однесување со другите луѓе, посебно со оние на кои им треба подршка, што создава маѓепсан круг кој никогаш нема да престане.

Во пракса, состојбата на непријатност која ја создаваат овие дисфункционални луѓе прави да живеете во состојба на хронична напнатост која ви ја упива енергијата. Сигурно ќе бидете во состојба да ја изгаснете таа напнатост некое време, но во моментот на слабост таа нема да ви овозможи да се ослободите од таа тежина и да пронајдете одреден внатрешен баланс. Поради тоа е важно да се избегнува постоењето на овој маѓепсан круг: што помалку оставате простор на овие луѓе во вашиот живот, помалку можат да влијаат на вашиот живот на негативен и долгорочен начин.

Еве предност на тоа кога не губите драгоцено време со погрешни луѓе.

– Имате повеќе доверба во своите вештини и во себе.

– Стабилни и поздрави меѓучовечки односи

– Помалку стрес, помалку циркулирање на кортизолот

– Помала тенденција на добивање килажа

– Но, пред се’ повеќе време за вас, за вашите страсти, но и за оние кои ви се важни.

Секој од нас е слободен да одбере со кој ќе поминува време. Ако ја препознаете светата вредност на својот живот и не сакате залудно да губите време со луѓето кои ве користат за да се чувствувате подобро, додека прават да се чувствувате глупо, ваше е правото да го застанете овој однос на злоставување и да отворите ново поглавје. Запрашајте се каква иднина посакувате и грижете се за сопатниците кои ќе ги одберете бидејќи…

Луѓето не разговараат, инсистираат. Не разговараат, трачарат. Нема пофалби, само ласкаат. Не посакуваат, бараат. Не прашуваат, бараат. Не се насмевнуваат, покажуваат заби. Лажните луѓе имаат лош дух, бидејќи не одат, туку ползат во животот, саботирајќи ја среќата на другите. Лажните луѓе ја игнорираат убавината и племенитоста на умот, бидејќи не сакаат и на крајот не живеат, тие само постојат… Животот е прекраток за да се губи време со оние кои се присутни само да ја избришат насмевката на лицата на другите, зарем не?

извор: https://www.eticamente.net/62207/non-perdere-tempo-con-persone-che-non-ti-fanno-stare-bene.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: