Постојат жени кои не се плашат ниту да плачат, ниту да сакаат

Не се плашат да сакаат, не се плашат да плачат, не се плашат дали ќе стигнат се’ на време, ниту дали ќе го најдат оној вистинскиот. Постојат жени кои не се плашат да прашаат кога нешто не знаат, иако знаат дека можеби ќе испаднат смешни поради тоа.

Не се плашат дека ќе згрешат бидејќи знаат дека грешките се за да научиме нешто од нив. Постојат жени кои не се плашат од седа боја и бори. Па не се ниту први ниту последни кои го имаат тој проблем. Знаат дека насмевката на нивното лице е поважно од тоа.

Не се плашат од она што другите мислат, посебно не им е гајле за мислењето на неважните луѓе. Тие не се грижат кога нивниот сакан ќе дојде дома во 21 часот наместо во 18, бидејќи знае дека тој ја сака и нема причина за сомнеж и грижа. Не се плашат да кажат она што мислат и не сакаат за ништо да молчат.

Не се плашат заради љубовта да направат некоја глупост, бидејќи не се плашат дека ќе изгледаат и глупо. Не се плаши да прави она што сака, да љуби оној кој го сака, да спие со кој сака. Не се плаши да биде горда и да ја сврти главата од идиоти.

Не се плаши да биде сама и да ужива во тишината. Не се плаши да биде директна и да го брани својот став. Не го обвинува никој за своите неуспеси, не се плаши дека ќе дојде крај, бидејќи таа го живее животот со полни гради онака како што таа сака.

Постојат жени кои ги надминале своите стравови и за нив стравот не постои повеќе.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: