8 глупости поради кои мажот добро ќе зажали што ја изгуби добрата жена

Кога мажот ќе и’ дозволи на добрата жена да си замине, можеби нема веднаш да ја види својата грешка. Кога ќе сфати дека вистинската љубов не се појавува секој ден, навистина ќе зажали. Еве 8 начини на кои тоа ќе се случи.

1. Кога ќе види дека никој не го сака онака како што вие го сакавте. Го сакавте и се грижевте за него бидејќи ви бил важен и секогаш ја баравте неговата љубов за возврат. Кога ќе ве изгуби, ќе открие дека таква љубов е реткост.

2. Кога ќе ја забележи себичноста на светот. Го сакавте со цело свое битие. Покажавте сочувство, бидејќи ви беше важно. На крајот, ќе види дека многумина имаат скриени планови со кои ги мотивираат нивните врски и ќе сфати колку сте вие искрени и со чисто срце.

3. Кога ќе запознае некој кој повеќе ги цени парите од љубовта. Финансиска потпора, материјален посед…тоа не се работи кои ви се важни во врска. Еден ден ќе сретне жена која не ги дели вашите приоритети. Кога тоа ќе се случи, ќе почне да го цени тоа што бил со вас, затоа што го сакавте, не затоа што ви требал поради нешто.

4. Кога нема да има никој со кој може да разговара. Мажите сакаат да го поминуваат времето со своите пријатели, но мажите обично не ги делат своите емоции едни со други. Кога ќе поминува низ ‘нешто’ и му треба разговор, ќе му недостасува сочувствителна присутност и отворено срце.

5. Кога ќе сфати дека вистинската врска е ретка. Сите луѓе мора да се чувствуваат сфатени, посебно многу мажи. Еден ден вашиот маж ќе сфати дека, иако сјајно си поминува со своите пријатели, никогаш не создал подлабоки врски со нив. Тогаш ќе му недостасува вашето интимно разбирање на неговото срце.

6. Кога забавата повеќе не е доволна. Ако е тој тип на маж кој ја откажа романтичната вечер за да излезе со своите пријатели, ќе открие дека згрешил. Забавата не трае засекогаш, а кога конечно тоа ќе го надмине, едноставно ќе сака да го помине времето со некој кој го сака и потполно го разбира.

7. Кога ќе види колку сте трпеливи. Во животот на секој маж доаѓа до фаза кога почнуваат навистина да ги испитуваат своите слабости. Кога вашиот маж ќе дојде до тоа, ќе види дека не се фокусиравте на неговите недостатоци и дека во него гледавте само добро. Тој ќе знае дека се обидовте да го направите најдобар што може да биде и ќе зажали што не успеал во тоа.

8. Кога ќе сфати дека пријателите не се доволни. Пријателите се прекрасни, но љубовта на верните жени е подобра. Таа му помага на мажот да дојде до тие длабоки места во срцето и покажува што е вистинско припаѓање. Колку и да му дале подршка пријателите, на крајот ќе сфати што можевте вие двајцата заедно.

извор: Atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: