Хемијата е јака, а мажот одеднаш губи интерес- што се случува?

Мажите се програмирани да сакаат да ловат. Секогаш се наелектризирани кога жената ги смета за атрактивни, забавни, паметни и неодоливи. Тие прават се’ што можат за да си докажат себе дека можат да ја добијат таа жена. Но, кога таа ќе покаже интерес и ќе ја добие, нема што повеќе да се докажува.

Неговиот страв од преданост се појавува и неговиот прв инстинкт е бегство. Така почнува следното освојување на жена, за да го добие повторно влијанието на егото. Мажите на кои им се потребни нови освојувања за да им се поправи егото се несигурни. Тие губат интерес кога жената ќе се заинтересира, бидејќи на некое ниво се чувствуваат недостојни. Тие мора да тргнат во потрага по друга жена за повторно да се чувствуваат вредни.

Познавам маж кој еднаш ми рече дека секој пат кога ќе забележи дека му се допаѓа на некоја жена, помислува дека со неа сигурно нешто не е во ред. Неговата несигурност во себе го тера да го изгуби интересот за било која жена која всушност го сака, бидејќи не се чувствува вреден за љубов. Мажите кои се вклопуваат во оваа категорија се недостижни и никогаш не се заинтересирани да бидат во врска.

Па, како можете да ги избегнете таквите мажи и да ги привлечете оние кои всушност бараат односи? Не паѓајте на мажи кои веднаш ви ветуваат чуда. На вистинскиот, сигурен маж тоа не му е потребно. Побарајте грижлив, борбен маж. Маж кој навистина е сериозен во врска, не ги покажува своите чувства се’ додека не ве запознае и додека не одлучи дека сте вие онаа вистинската.

Мажите се вљубуваат во зависност како се чувствуваат со жена. Ако постојано го испитувате каде се наоѓа или го притискате каде оди односот, тој нема да се чувствува добро. Бидете самоуверени, разиграни и сигурни во себе. Забавувајте се. Смејте се. Опуштете се. Направете да се чувствува добро во ваше друштво во сегашниот момент и да посака во иднина да биде со вас. Бидете своја најдобра верзија. Ако премногу размислувате за иднината и ако сте премногу сериозни прерано, тоа ќе го уплаши.

Ако изгуби интерес и се повлече, пуштете го. Не влегувајте во драми. Сфатете дека не можете да го присилите да се интересира за вас. Ако е вистински маж за вас, ќе сфати дека му недостасувате и ќе се чувствувате доволно сигурно дека ќе се врати, бидејќи ќе знае дека не го притискате.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: