Трите последни желби на султанот Сулејман Величенствен

Животот бргу поминува, а смртта е неизбежна.Кој знае дали утре ќе ја дочекаме зората? Сите се еднакви пред лицето на смртта и богат и сиромав. Смртта е непристрасна…Оваа приказна не’ учи да го почитуваме животот и да не заборавиме дека секој ден е подарок од судбината.

Лежејќи на смртна постела, султанот Сулејман Величенствениот го повикал главниот заповедник на војската да му ги каже своите последни желби. Тоа биле само три желби.

1. Побарал неговиот ковчег да го носат најдобрите доктори во Отоманското царство.

2. Втората желба била кога ќе го носат неговиот ковчег, цел пат да фрлаат златници и скапоцени камења.

3. Исто така, султанот сакал неговите раце да се гледаат од ковчегот.

Кога заповедникот го прашал за причините, Величествениот одговорил: ‘Најдобрите доктори нека го носат мојот ковчег за да види народот дека и тие се немоќни пред лицето на смртта.

Расфлајте го моето злато. Нека видат сите дека богаството стекнато во овој живот, во овој свет останува.

Нека ги видат сите и моите раце и да ја разберат единствената вистина: Дури и владетелот на светот, си заминува од овој живот со празни раце.

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading