13 работи кои ниту еден маж нема да ги признае

1. Сакаме самоуверени жени. Работата е во тоа што мажите ги перципираат жените исто како и самите себе. Затоа мажот полесно ќе избере полничка жена која има харизма, отколку некој топ модел со помалку самодоверба. Самодовербата ги прави луѓето многу привлечни.

2. Важно ни е како изгледате. Мажите не ги интересира дали сте облечени по последна мода. Секој од нив сака да види жена која сака да се облече во привлечен стил, кој вклучува елеганција и женственост, но без вулгарност. Запомнете дека мажите сакаат со свои очи да гледаат.

3. Не знам како тоа да го направам. ‘Да се биде маж’ во очите на жената е многу важно за нив. Затоа мажите започнуваат некоја работа, дури и ако не се сигурни во успех. Мора да бидат силни и паметни пред својата дама, без оглед дали знаат да поправат нешто во домаќинството или не.

4. Се чувствуваме изгубено кога поставувате заплеткани прашања. Жените сакаат да поставуваат прашања: ‘Дали сум дебела?’ истовремено правејќи тажна гримаса, но задржувајќи природен поглед. Зборовите не можат да искажат како мажите мразат да одговараат на тие прашања. Ако фустанот ја прави жената подебела, мажот тоа ќе го забележи, но и понатаму ќе одговори со комплимент, мислејќи дека таа тоа го очекува.

5. Не можам да си го дозволам. Мажите секогаш се натпреваруваат, а тоа не е тајна. Тие се споредуваат со своите пријатели и мразат да го признаат поразот. Мажот едноставно не може да му каже на својата жена дека не може да си дозволи нешто.

6. Љубоморни сме. Мажите не ги искажуваат отворено своите чувства, а кога некој од нив гледа како неговата жена кокетира со друг тип, нема да открие ниту една емоција. Меѓутоа одвнатре тоа ги ‘јаде’.

7. Ни се допаѓа вашата пријателка/ сестра. Едноставно е: ако мислите дека вашата пријателка или сестра е супер згодна, вашиот маж исто така нема да го пропушти тој квалитет. Глупо е да мислите дека неговата љубов кон вас ќе го направи слеп.

8. Ние ве проучуваме. Дами, ако некој ве покани на вечера не брзајте да бирате венчаница. Лесно кокетирање, шеги и насмевки се само знаци дека се интересира за вас , а не дека е ваш засекогаш.

9. Сакаме комплименти. Традиција е комплиментите обично да ги даваат мажите, но тие исто така и тие сакаат да слушнат пофалби. Потребни ни се зборови на љубов, а такви мали работи можат се’ да променат. Мажите на пример сакаат да знаат дека не губеле време во изборот на вистинската облека пред да се најдат со вас.

10. Сакаме женски работи. Да, така е: уредни нокти и кожа се знак дека мажот се грижи за себе и жените тоа го сакаат. Мажите исто така понекогаш гледаат и женски тв програми, филмови, серии само да се опуштат. Само тоа го кријат – бидејќи ‘другите момци тоа нема да го разберат’.

11. Преплашени сме. На мажите не треба да им се зборува за нивните стравови, зарем не? Но, секој има фобии. Мажите нема да ви кажат дека се плашат од мрак или пајаци за да не ја покажат својата слабост.

12. Ние сме мајстори во криење на своите чувства. Врвот на романтичниот филм кој ги тера жените да плачат можат да влијаат на мажот на ист начин. Единствена разлика е во тоа што тој храбро ќе каже дека гледате глупости и бргу ќе ги избрише очите.

13. Не ве напуштаме без причина. Мажот никогаш нема да замине ако е заинтересиран. Тој не прави ништо без причина. А ако го напушти некој со кој добро се чувствувал, не може тоа да го направи одеднаш- таква жена има посебно место во неговото срце.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: