Кога вашиот маж ќе избере друга, простете и продолжете понатаму- тоа е најдобрата освета

Бев така среќна и мислев дека ништо не може да ја уништи нашата врска. Бев така сигурна се’ додека тој не избра друга жена наместо мене.Се прашав дали навистина не му бев доволно добра? Што направив што го наведов да ме остави и да побара внимание во прегратката на друга жена? Дали е таа подобра од мене?

Милион прашања ми поминуваа низ главата, но ниту на едно од нив не добив одговор. Повеќе не е ниту важно, него повеќе го нема, а јас мора да продолжам понатаму сама. Не му посакувам на никој да поминува низ тоа што го поминав јас, но ако тоа ви се случи, слободно плачете. Ќе видите, ќе ви се исплати.

Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе престанете тоа да го држите во себе. Само погрижете се тој да не ги види вашите солзи. Тој не заслужува повторно да гледа во тие очи кои ги повреди и ги натера да пуштат солзи. Тој не заслужува ниту да знае дека ја повреди жената која само сакаше него да го направи среќен.

И не се обвинувај себе, ништо од тоа не е твоја вина. Иако мислиш дека си ти причина за тоа што тој замина, верувај ми, ти ништо не направи него да го избркаш од себе, тој едноставно никогаш ниту бил твој. Прости си себеси ако има што, но прости му и нему. Прости му бидејќи не знаеше што е добро за него, не знаеше што губи кога избра друга жена.

Сакај се себеси безусловно посебно во овој период и сфати дека не ти треба маж за да се чувствуваш сакано и вредно. Не го обвинувај бидејќи љубовта не ги бира своите жртви. Тргнувај понатаму бидејќи сега барем знаеш на кого можеш да сметаш. Тогаш кога ќе одбере друга жена ти посвети се себеси. Создавај живот каков што ти одговара и посвети се на остварувањето на своите соништа.

Не чувствувај бес кон него и знај дека е твоја најдобра освета тоа што тргна понатаму. И пушти го. Пушти се’ она што ти носи лоши чувства. Задржи само лекции и спомени кои ќе те направат посилна. Направи си себеси услуга и ослободи се од се што те врзува за него. Не дозволувај тоа да те скрши. Тој ја избра неа, тоа е негова одлука и ти тука повеќе ништо не можеш. Ти заслужуваш љубов која тој не можеше да ти ја даде, заслужуваш некој кој ќе те сака исто онолку колку си подготвена да го сакаш него.

извор: АPortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: