Мажите кои ме повредија всушност ме направија силна- еве за кои 7 работи

Врските со токсични мажи беа многу напорни за мене и имаа траен ефект. Поради нив акумулирав проблеми со довербата, на пример. Но, иако овие мажи не ми одговараа, ме научија на 7 важни работи:

1. Јас можам да се грижам сама за себе. Благодарение на дечкото со кој бев и неговите вечни проблеми, кои се трудев да му помогнам да ги реши, научив дека сум доволна способна и храбра да се грижам сама за себе. Можам да бидам во било каква стресна ситуација, а тоа да не ме сруши до темел.

2. Одбери да бидеш сама и среќна Тој исто така ме научи дека е подобро да бидеш среќна и сама, отколку во врска и да страдаш.

3. Никогаш не се сомневај во тоа колку вредиш. Некои мажи не ме почитуваа, но тоа не значи дека сум бескорисна. По секоја врска со такви мажи не правам прашање околу својата вредност- знам дека вредам. Јас тоа морав да го научам на потешкиот начин.

4. Секогаш преиспитај ги своите одлуки кога бираш партнер. Не менувајте се себеси за да им се прилагодите, менувајте го својот избор на маж и бидете со некој кој ќе ве сака и ќе ве почитува такви какви што сте.

5. Што и да се случи ќе бидеш ОК. Понекогаш останував во лоши врски само за да не бидам сама. Многу лош потез. Никогаш ама баш никогаш не си дозволувајте себеси да бидете со некој само за да не бидете осамени. Со партнер или без него, ќе бидете ОК.

6. Научив да се сакам себеси. Иако мојата самодоверба е помала кога сум во вакви врски, со тек на време научив дека треба да се сакам себеси, ако сакам да бидам сакана. Таа кратка приказна го сумира нашиот однос со самите себе.

7. Бирам љубов над болката. Љубовта не треба и не смее да биде болна. Во своите минати токсични врски, мислев дека болката која ја чувствувам всушност го преставува патот по кој треба да ја заслужам нивната љубов, но тоа не е вистина. Не треба да ве залажуваат. Љубовта не смее да боли.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: