Ми досади да чекам да почнеш да ме сакаш како што заслужувам

Ако не сакаш да разговараш со мене или ако немаш сериозни намери со мене, нема повеќе да молам за малку твое внимание. Сега завршив со чекање да ми се јавиш, да ми одговориш на порака или повик, завршив со чекање.

Никој не можеш да го натераш да те сака, затоа сега, за сите времиња, завршувам со оваа фарса и продолжувам со својот живот. Готово е со чекање да одвоиш малку време за мене. Се уморив од тоа секогаш да се трудам да те видам и секогаш сите свои планови да ги усогласувам со тебе.

Уморна сум од чекање да ме вметнеш некаде во твојот густ распоред. Уморна сум од тоа се’ да ти е поважно од мене. Доста ми е секогаш да бидам последна на листата на приоритети и кон мене да се однесуваш како да сум ти омилена забава, тогаш кога немаш никој друг покрај себе.

Доста ми е од твојата неодлучност. Нема да чекам ниту ден, за да се одлучиш што чувствуваш кон мене. Не сакам повеќе да се прашувам каде сум тоа јас во твојот живот. Се уморив од стравот дека еднаш само ќе се свртиш и ќе исчезнеш од мојот живот.

Предолго ти дозволив да имаш моќ над мене. Нема повеќе да им верувам на твоите празни ветувања и патетични изговори. Нема повеќе да дозволам моите надежи да ги храниш со своите лаги и нема повеќе да верувам дека еднаш ќе се промениш.

Не си повеќе центар на мојот свет. Сега за сите времиња завршив со жртвување на своите желби и приоритети за да бидеш само ти среќен. Завршив, бидејќи единствено само јас бев подготвена за компромис. Знам дека ова нема да ти се допадне, бидејќи се навикна да ме имаш во близина и да ја користиш мојата добрина.

Готово е со подршката која секогаш ти ја давав и со бесконечната љубов која ти ја дадов. Не сакам повеќе да чекам да почнеш да се однесуваш кон мене како што заслужувам. Нема повеќе да ти дозволам да се поигруваш со моите чувства. Нема да чекам да ми се посветиш. Работата е јасна или сакаш или не сакаш, трето нема. Јас завршив со тоа секогаш да ти бидам втора. Се уморив од тоа да се задоволувам со ронки од твоето внимание.

Моето срце се умори од љубовта кон некој кој не ме заслужува. Ми досади да се борам за некој кој одамна се откажа од мене. Не сакам повеќе да губам време на незрели, нестабилни и себични луѓе.

One thought on “Ми досади да чекам да почнеш да ме сакаш како што заслужувам

Add yours

  1. Ne ja gubi nadesta vo zivotot toa e edno posledno custvo koja moze da izumre.sum te sakal no sum nemal dovol o vreme za se i sekobas zatoa se kajam i mi se pravi dusata mnogu stisnata bes te e vo mojot zivot…oooohh.tesko jee ne se dokazuva samo dusata boli.zatoa dozvoli i priblizimi se kako i prviot pat,za mene si.bila i kje bides del od mojot zivot. O ne zaboravaj vistinskata ljubof granica nema.te sakaf i seuste posvetuva. Sekojdnevno vnimanie psihicko ama se e zaludno,koga ne si do mene fizickki,sakam da bideme kako nekogas,istoto da ne bide vo celina zatoa sto sme bile i pomladi no i ponesozreani.Za srekja sega ti si so familija jas nee,ama nemozam da si dozvolam dodeka ti samata ne go napravis prviot cekor zosto taka zasluzif.Da bef naiven.Da bef bescelen no sega ne e vekje taka.pozdraf i sakam da se vidime vo najskoro.vreme.zatoa trgni po mojot cekorr da cekorime zaedno pomini go mojot pat pa potoa oresuduj.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: