Животот после загубата: се’ ќе биде во ред, но ништо нема да биде исто

Загубата и тагата се дел од животот. Меѓутоа, важно е да се знае дека после тагата животот оди понатаму. Тешко е да се прифати дека нешто нема да биде исто. Но, работите се враќаат во нормала, ма колку и да е тешко да се верува во тоа. Се’ ќе биди во ред.. Повторно ќе се чувствувате добро и ќе најдете задоволство во работите во кои и претходно уживавте. Иако нема да заборавите дека нешто недостасува и дека работите се поинакви, важно е да се знае дека повторно ќе се чувствувате среќно.

Колку долго трае тагата? Постарите дијагностички прирачници, одредија дека две години се потребни за да се разликува нормална болка од други патологии. Но, како може прирачник да ви каже колку долго ви треба да бидете тажни, на пример, ако изгубите некој ваш многу сакан? Тагата е лична и секој поединец со неа се носи на свој начин, најдобро што може.

Дали може од тагата да се опорави човек? Би сакал да одговорам со Да, дека ќе дојде ден кога одеднаш ќе гледате се’ поинаку. Меѓутоа, за оздравување од тагата треба време, солзи и свесна работа на неа. Мора да се потрудите дури и кога мислите дека не можете, да се насмеете кога е тоа невозможно и да бидете храбри. Ќе ви треба храброст да продолжите понатаму и да сфатите дека се’ ќе биде во ред, иако ништо повеќе нема да биде исто.

Како можете да му помогнете на некој кој тагува? Еве волшебен збор: емпатија. Знаете ли што е тоа и како таа се изразува? Понекогаш не ви требаат зборови за да сочувствувате. Не е секогаш корисно да кажете ‘Знам низ што поминуваш’ бидејќи можеби не ја разбирате болката на другата личност. ‘Мораш да бидеш силен’ не е доволно, бидејќи веројатно се обидува да биде силен, но не може. Она што на луѓето во тој момент им е потребно е некој да биде покрај нив, па макар и да молчи цело време. Кога луѓето тагуваат им треба љубов и друштво. Им треба гушкање. Меѓутоа, не им треба некој за да им каже да престанат да плачат. Веројатно веќе се обиделе, но треба уште многу солзи да исплачат. Иако се’ ќе биде во ред, кога тагувате, ја губите таа вистина од вид.

Кои се карактеристиките на отпорните луѓе? Мантрата на отпорната личност е: ‘Се’ ќе биде во ред, иако ништо нема да биде исто’. Таквите луѓе веруваат дека имаат ресурси потребни за напредување. Ако нешто им недостасува, тие се обидуваат да работат на тоа. Упорната личност ја отпушта вината и оди понатаму. Тие знаат дека вината не е ништо друго освен непотребен терет. Кога сте отпорни, знаете зошто сте таму каде што сте, како стигнавте таму. Се сеќавате на она што правевте во минатото за да ги носите и искористите своите минати искуства во своја корист.

Упорната личност прима помош од другите луѓе, ама не ги искористува. Тие знаат како најдобро да дадат помош и да ги подржат другите кои тоа го нудат. Упорната личност е храбра. Препознава што може да контролира, а што не може. Тие исто знаат дека имаат моќ да ја променат својата ситуација. Упорните луѓе веруваат во својот разум, ресурси и луѓето кои им се најблиски. Затоа и знаат светот да го гледаат во позитивно светло, бидејќи позитивните изгледи и надежта е токму она што ги одржа во најтешките моменти.

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: