Не го игнорирајте својот внатрешен глас- 8 ситуации каде треба да и’ веруваме на интуицијата а не на емоциите

Понекогаш е многу тешко да се разберат сопствените чувства, па поради тоа можеме да направиме грешки кои можат скапо да не’ чинат. Важно е да знаете што сакате од својот партнер и својата врска ако сакате да ги избегнете грешките кои можат лошо да влијаат на вас. Не е важно само вие да сакате вашата врска да функционира. Важно е да видите дали таа има потенцијал да функционира како треба. Во некои ситуации треба да ги игнорирате своите емоции и да го слушнете својот внатрешен глас, бидејќи тој нема да ве излаже.

1. Ви се чини премногу добро за да биде вистинито; Можеби вашиот партнер е многу шармантен, но секогаш нешто ве тера да се сомневате во него и ви се чини премногу добро за да биде стварно. Обрнете внимание како се однесува кон другите. Ако исто се однесува кон другите, можеби е тоа негово однесивање само маска позади кое го крие своето вистинско лице.

2. Се чувствувате непријатно кога сте покрај него; На никој не треба да му дозволите да ги руши вашите граници на приватност, а ако тоа го прави и после вашето предупредување, тогаш нема што да барате покрај таква личност.

3. Ги потценува вашите чувства; Колку и да е добар кон вас понекогаш имате чувство дека не се грижи за вашите чувства. Понекогаш прави некои работи мислејќи дека со тоа ќе ве повреди.

4. Не знае да ве слуша; Дали ви се случило да се трудите толку нешто детално да му раскажете, а тој на крајот да ви одговори нешто неповрзано, па имате чувство дека не ве слушна што му раскажавте. Ако често тоа се случува, значи дека не сте посебно интересни за него.

5. Премногу брза. На прв состанок сте, а тој веќе прави планови за иднината, разговара за брак и заеднички деца. Бидете внимателни од ова однесување, бидејќи лесно може да се претвори во манипулација.

6. Не му се допаѓа на вашето семејство и пријателите. Често на почетокот на врската сме заслепени од љубов и не гледаме се’ она што треба да видиме кај својот партнер. Имајте на ум дека вашите пријатели и семејство ги гледаат работите од друг агол и не го гледаат вашиот партнер на начин на кој вие го гледате.

7. Не чувствувате поврзаност; Ако некое време веќе сте во врска, а чувствувате како меѓу вас нема никаква посебна врска, можеби треба да размислите дали всушност сакате да бидете во таква врска. Не останувајте со некој само затоа што сметате дека тоа е ваша должност. Ако помеѓу вас нема страст, мали се шансите дека подоцна ќе се појави.

8. Почнавте да се менувате; Ако почнавте да менувате некои работи кај себе како што се начин на однесување; начин на облекување, размислете дали тоа го правите заради себе или затоа што вашиот партнер ви сугерирал. Ако вашиот партнер бара од вас да се менувате, имајте на ум дека можеби во еден момент можете да се изгубите себеси. Верувајте му на својата интуиција и правете онака како што таа ви зборува. Таа ретко ќе ве изневери.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: