Ако останете во лош брак- не сте среќни, а нема да бидат ниту вашите деца

Одамна не сте почувствувале среќа и веќе заборавивте како таа изгледа. Несреќни сте, но тоа вешто го криете. Некои дури немаат појма низ што поминувате, бидејќи кога ве гледаaт од страна а не ве познаваaт добро, ќе речат дека сте среќен пар. Сепак, оние кои ве познаваат не можете да ги излажете. Тие гледаат колку сте несреќни и нив тоа не можете да им го сокриете.

И вашите деца тоа го знаат. Можеби не разбираат што е причина за вашата несреќа, но чувствуваат дека нивната мајка не е среќна. И вашите деца, како и вие, живеат во несреќен брак, иако тоа не сакате да го признаете. Останувате во несреќен брак, бидејќи со цело срце верувате дека правите вистински чекор за своите деца.

Мислите дека со изборот на несреќен живот за себе бирате среќа за своите деца. Со тоа што се залажувате себе, вие ги лажете и своите деца и им давате погрешна слика за тоа како бракот и семејството треба да бидат. Со тоа што останувате во несреќен брак за да бидат вашите деца среќни се лажете себе и ги мачите своите деца. Ако сте вие несреќни, како можете да очекувате вашите деца да бидат среќни?

Уште еднаш повторувам, децата ќе почувствуваат кога нивната мајка е несреќна и тоа сигурно нема да ги направи среќни. Не дозволувајте вашите деца да се чувствуваат лошо поради тоа што не сте среќни. Тие некои работи нема да ги разберат додека не пораснат затоа не им го правете тоа.

Децата можете да ги воспитувате сами. Можете да заработувате за живот и за своите деца. Потребно е време, труд, но чекор по чекор е можно. Замислете ги своите деца како возрасни луѓе да се најдат во иста ситуација. Дали ќе го толерирате тоа и ќе го сметате за нормално? Ако вашиот одговор е негативен, тогаш поштедете се себеси од ситуацијата во која се наоѓате.

Научете ги децата дека тоа не е нормално, семејството треба да биде поинаку, дека мора да побегнете од токсични луѓе и ситуации. Одговорни сте за својот живот и мора да им покажете на децата дека грижата за себе е важна.

извор: uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: