Ве молам оставете ме во својот мир и тишина

Одамна од никој ништо не барам. Ниту да ме разбере. Ниту нешто да ми даде. Не барам, ниту некој да ме разбере дека сум во право, што за некои работи мислам, како што мислам. Ниту самата сум често сигурна дали сум во право. И сигурно не сум. Кој е секогаш во право?

Не барам да ми се помогне. Ниту да ми се верува. Ниту да ме сакаат, мислејќи дека за тоа сум секогаш вредна. Не барам ништо, освен смислата да бидам, едноставно да бидам, во остатокот на времето кое пополека ми се лизга низ прстите.

Од својот дом направив остров со мал мост, за оние кои не бараат да бидат повеќе во право од мене. Ни најмалку. За оние кои го почитуваат туѓото мислење за нешто и оставаат, сам да размисли како тој тоа го направил, барем се надевам дека тоа го прави, размислува цел живот.

Оние кои не бараат да им се признае дека се поправедни, подобри или поразумни. Мостот е за оние, кои како и јас не се секогаш способни да бидат поправедни, подобри и поразумни, бидејќи се сопнуваат секој ден и изненадени се од новите борби. За оние кои животот ги истумба, па не бараат ништо освен да биде спогодбено, без премногу попување, дозволено да бидат тоа што се, за што, единствено имаат сила да бидат.

Немам повеќе живци за оние, кои знаат за тоа, како би требало да се скрои светот за да биде мир во истиот, а за третиот роденден на детето, му купуваат пушка. Не можам да го трошам своето драгоцено слободно време, на оние кои сакаат само тие да се слушаат, уверени дека нивните проблеми се поголеми, од било кој друг проблем во светот.

Ниту за оние кои го пцујат телевизорот додека ги гледаат политичарите, а самите ниту на еден протест никогаш не присуствувале и на изборите секогаш го заокружуваат ‘помалото зло’ од две зла, иако имаат повеќе опции. Ниту за оние, кои на детето му купуваат маркирани работи за да биде среќно. Било многу едноставно на овој свет, ама јас сум неспособна тоа да го разберам, иако мислам дека тука нема што да се разбере, секој своето дете го воспитува, како знае.

Немам трпение ниту за оние, кои мислат дека се’ треба да се подреди на нив, инаку нешто ти фали, кои не разбираат дека не си оптеретен до таа мера, па некогаш себеси можеш да си дозволиш да седиш и да филозофираш со часови за се’, а од тебе не зависи, дали некој ќе биде гладен, жеден, нешто ќе го боли во неговиот кршлив живот.

Ве молам, само пуштете ме на мир. Пуштете ме да бидам, баш да бидам, уште тоа малку или малку подолго, како Бог што ќе сака. Признавам. Не сум секогаш во право. Не сум ниту секогаш добра. Не разбирам се’. За многу работи не можам да зборувам, како што не можам са разговарам за нуклеарна физика, бидејќи не ја разбирам, бидејќи не ме интересира.

Јас само имам сила да бидам, едноставно да бидам. Ова малку или малку подолго. Уште имам сила: да пишувам, бидејќи се одалечувам од болката, од несовршениот свет, од несовршената себе. Да верувам на начин на кој верувам. Да сакам на единствен начин на кој знам. Да се грижам, бидејќи не знам поинаку, макар и премногу и непотребно. Макар при тоа да бидам автодеструктивна. Да бидам пречувствителна, бидејќи не знам да бидам помалку од тоа, иако сум свесна колку тоа ме троши.

Својот остров со пет жители, тројца луѓе и две кучиња, да го направам сигурна оаза, во која не треба да бидам најдобра, туку само јас. Остров на кој, другите ќе го почитуваат неговиот мир, неговите доблести и мани.

Јас навистина повеќе од никој не барам апсолутно ништо. Освен да ме пушти на мир, да бидам тоа што сум. Ако им е чудно, нека се чудат. Ако им е смешно, нека се смеат. Но, тоа нека го прават, а да не го преминуваат мостот, за да се уверат дека имаат причина за чудење и смеа. Мене пуштете ме да бидам, едноставно да бидам и уште малку да научам како.

Како навистина да се биде и како навистина да се сака.

Извор: Lola

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: