Дали треба му се прости на мажот? Не е лесно, но неопходно е

Понекогаш не е лесно на некој да му простите, всушност може да биде многу тешко посебно ако се работи за маж кој го сакавте, а кој ве повреди. Ако сепак сакате да се ослободите од болката која долго време ја држите во себе, простувањето е тогаш неопходно.

Кога некој ќе ве повреди тешко е повторно да верувате во него колку и да го сакате, но ако сакате да бидете слободни, зошто не се обидете да му простите? Ако ништо друго, барем вреди да се обидете. Понекогаш луѓето кои ќе не’ повредат ќе кажат или ќе направат работи кои ни се чинат неприфатливи, но ако сакате да продолжите понатаму со својот живот, мора да простите.

Пред неколку години бев во врска со маж кој многу го сакав, а кој ме повреди. Направи некои лоши работи со кои не само што ме повреди, туку и понижи и се чинеше дека воопшто не му е грижа за тоа. Сепак, сакав да ја сочувам нашата врска и да го имам покрај себе, што секако беше невозможно. Кога малку подобро размислив за целата наша врска не можев а да не се запрашам, што барам во врска со маж кој не ме почитува и кој не се грижи за моите чувства.

Заклучив дека таква врска не ми треба во животот и ја завршив. Бев лута пред се’ на самата себе, бидејќи му дозволив така да се однесува кон мене, но бев гневна и на него бидејќи постојано ме повредуваше без ниту малку каење. Не бев свесна дека мојата лутина и бес беа најголеми непријатели и дека ме спречуваа да продолжам напред со својот живот и постојано ме враќаа и задржуваа во минатото.

Тогаш одлучив дека е време да продолжам понатаму со својот живот и да му простам. Тоа го направив поради себе и својот мир, а не затоа што тој заслужува простување. Одлуката на некој да му простите без оглед колку ве повредил, не мора да значи дека треба да ја обновите таа врска. Едноставно простете, завршете со таа личност и дозволете секој од вас да тргне по својот пат. Мора да живеете слободно, без било што што ве става во стеги, а простувањето е единствен начин да продолжите понатаму и да го пронајдете својот духовен мир.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: