И на силните жени им е потребен некој да ги сака… со кој ќе бидат сигурни

Имам работа која ја сакам, пријатели со кои сум среќна што ги имам во својот живот и неверојатно семејство кое ме подржува во се’ што работам. Сакам да бидам сама и да го поминувам своето време во осаменост. Не се плашам дека некој може да ме осудува поради тоа што немам партнер, бидејќи сметам дека не постои одредено време во кое треба да се скрасиме.

Јас сум од оние кои веруваат дека треба сите да се смириме тогаш кога ќе бидеме подготвени и тогаш кога сметаме дека тоа е вистинско време. Мојот живот е мој извор на инспирација, моите најмили се моја сила и јас сум сама свој извор на љубов. Горда сум на тоа дека сум се’ што постигнав, постигнав сама. Јас сум силна и самостојна жена која пред себе има едно неверојатно патување, но тоа не значи дека се откажав од љубовта.

Можеби во моментот не сум во фаза да барам партнер, но очекувам дека љубовта ќе ме најде еден ден. Не барам некој кој ќе ми ги плати сметките или кој ќе ми направи доручек, тоа можам и сама. Не барам никој само затоа што се плашам дека ќе завршам сосем сама, не се плашам од тоа. Не барам маж бидејќи ми треба партнер, барам маж бидејќи сакам да се чувствувам сакано.

Сакам да ја искусам љубовта. Сакам да бидам во прегратката на личноста која е подготвена да ја запознае мојата душа и да ги открие сите мои тајни, соништа и стравови. Сакам да заспијам покрај некој кој ќе ме држи за рака без оглед колку е тежок овој живот и да ми вети дека без оглед на се’, заедно ќе ја надминеме својата препрека.

Сакам да се разбудам покрај личност чии очи ќе блескаат кога ќе помисли на нашата заедничка иднина. Јас сум силна жена која цел живот се грижи за себе, но тоа не значи дека нема никој да ме освои, ниту дека ќе се откажам од барање на човекот со кој ќе го поминам остатокот од животот. Не ми треба некој да ме заштити. Сакам некој да ме сака како што Сонцето го сака Месецот. Не треба никој да ме спаси. Ми треба некој кој ќе ми биде најдобар пријател. Поради тоа никогаш нема да се откажам од љубов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: