Многу мажи се плашат да ја изгубат својата слобода- што мислат кога сакаат пауза во врската?

Дали некогаш бевте во врска со маж и мислевте дека одлично ви оди, но тој одеднаш ви кажува дека му е потребен одмор и бара пауза во врската. Паузата е прифатлива ако имате проблеми во врската и ако често не се согласувате најдобро. Така и двајцата ќе имате време да размислите за вашиот однос и каде сето тоа води. Но, ако убаво се сложувавте, тоа може да биде загрижувачко. Имајте на ум кога мажот ќе побара пауза во врската- тој секогаш има причина за тоа. Ако не сте во состојба да ги разберете тие негови причини тогаш лесно ќе завршите со скршено срце. Што всушност значи кога маж сака пауза и кои се причините?

1. Се плаши од обврски. Ако мажот е подготвен да се посвети на една жена тој треба да биде восхитен и сигурен во својот избор и својата иднина, но тоа секогаш не е случај. За некои мажи помислата дека животот ќе го поминат покрај една жена може да биде застрашувачка, посебно ако зад себе имаат неколку неуспешни врски. Нему му е потребна пауза за да размисли за се’ и да биде сигурен дека носи вистинска одлука.

2. Сака да ја прекине врската. Би било многу по прифатливо да е искрен и да каже дека сака да ја прекине врската отколку да бара пауза. За жал, многу мажи не се вешти во комуникацијата и полесно им е да кажат дека сакаат пауза, отколку да бидат искрени и да кажат дека не сакаат да бидат повеќе во врска.

3. Не сака да ве повреди. Секогаш треба да бидеме директни и искрени кон сите ако не сакаме некој да повредиме. Полесно ќе ги повредите луѓето со својата неискреност отколку искреност. Сепак, некои мажи мислат дека полесно е на жената да им кажат она што сака да слушне отколку да биде искрен и да ја каже вистината. Иако тој не сака да ја повреди, со својата неискреност и со криење на своите намери може повеќе да ја повреди жената, отколку да биде искрен и да ја каже вистината.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: