Нема никој дозвола повеќе да ме третира како опција

Никогаш повеќе нема да дозволам, никој да ме искористува мене и мојата блага природа. Никогаш повеќе нема да прифатам да ме третира како опција. Никогаш повеќе нема да дозволам на било кој да ме понижува и да се чувствува слободен да влегува и излегува од мојот живот, кога ќе му текне.

Повеќе не сум онаа иста жена од порано. Повеќе не мора на никој да му угодувам. Нема да правам се’ на светот за луѓе, на кои не им текнува ниту да ме прашаат како сум. Нема да вложувам труд, ако тоа не го прави и другата страна.

Порано се радував како мало дете, кога некој барем малку ќе покажеше дека се грижи за мене или кога ми е благодарен за нешто. Повеќе не сум таа жена. Бев наивна и невина. Им верував на луѓето со цело свое срце. Бев некој кој го гледа својот скриен потенцијал.

Секогаш верував дека луѓето се многу подобри, од она што всушност се и тоа ми носеше само болка и разочарување. Сега ја научив својата лекција. Беа потребни многу години на лага, неверство, манипулација и навреди, за конечно да сфатам дека сум единствено јас одговорна за својата несреќа, бидејќи им дозволувам на другите така да се однесуваат кон мене.

Сега знам дека тоа не е нешто лошо. Сите таги и разочарувања кои ги поминав, ме претворија во жена, каква сум денес. Денес сум јака и полна со самодоверба, верувам во себе и своите способности. Нема никој повеќе дозвола да ме третира како опција. Нема да ги спуштам своите стандарди и очекувања.

Нема да се јавувувам веднаш на повици на луѓе, на кои им требало една недела да ми одговорат на порака. Не оставам место во распоредот за некој, кој постојано ми откажува и не го почитува моето време. Никогаш нема да се обидувам да направам некој среќен кој не се потрудил, мене да ме направи среќен.

Моите чувства се важни. Јас сум важна. Никој никогаш нема да ја искористи мојата добрина, бидејќи повеќе тоа нема да го дозволам. Конечно стигнав до точка во животот, во која исфрлам било каква токсичност. Можам да ви речам дека сум кучка, но баш ми е гајле.

Сега знам колку вредам. Знам што заслужувам, како сакам другите да се однесуваат кон мене и нема да се согласам на ништо помалку, никогаш повеќе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: