Не дозволувајте вашата добрина да биде искористена- 3 причини поради кои привлекуваме лоши луѓе

Иако однесувањето на другите луѓе никако не може да биде ваша вина, треба да бидете свесни дела несвесно можете да привлечете лоши луѓе кон себе. Токсични и негативни луѓе се наоѓаат секаде околу нас. Заслужувате подобро отколку постојано да бидете на милост и немилост на луѓето кои кон вас не се однесуваат добро. Важно е да сфатите што правите па ги привлекувате, а тогаш можете да смислите и како да ги одбиете од себе.

1. Великодушни сте кога е во прашање вашето време; За многумина велокодушноста е позитивна особина. Тоа значи дека имате време за другите и дека сте подготвени да жртвувате дел од своето слободно време. За жал, лошата страна на великодушноста е што секогаш ќе постојат луѓе кои ќе се обидат тоа да го искористат. Лошите луѓе природно ги привлекуваат оние кои можат да ги користат.

2. Ги повторувате старите обрасци. Тоа посебно се однесува на интимните врски. Својот стил на врзување го учите врз основа на тоа како се групирате, кој ве одгледивал и околината која сте ја виделе како дете. Ако имате тенденција да привлекувате многу отровни луѓе, време е да размислите за своето детство и своето растење.

3. Премногу сте добри и љубезни; Токсични и негативни луѓе лесно ги користат добрите луѓе. Нема ништо лошо во тоа да бидете добри и љубезни, но мора да бидете внимателни. Ако не поставите јасни граници, луѓето ќе почнат да ве газат и искористуваат. Да се биде добра и позитивна личност е доблест вредна за восхит, но знајте дека има и такви лоши луѓе кои сакаат да ја искористат вашата добрина. Нема ништо лошо во тоа што сте оптимистични или верувате дека луѓето можат да бидат подобри.

Меѓутоа, треба да се подвлече црта. Не треба да се помирите со токсичниста и негативноста само за да им помогнете на оние кои ви нанеле неправда на нивниот пат кон самоусовршување. На крајот, не можете да ги поправате другите, само тие сами тоа можат да го направат.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: