Никој ништо не ви должи па ниту вашиот партнер – што мудра жена никогаш нема да бара од партнерот

Не е редок случај кога жените кога ќе стапат во врска да имаат големи очекувања од својот партнер, сметајќи дека тие ништо не им должат. Таков начин на размислување има директно влијание на довербата и взаемното почитување во врската. Многу жени тоа предоцна ќе го сфатат, а оние мудрите знаат на кој начин треба да се однесуваат кон својот маж и што од нив не треба да бараат.

1. Да ја издржува. Секоја мудра жена ќе се потруди себеси да си обезбеди некои ‘ситници’ кои и’ се потребни и нема да очекува од мажот да ја издржува.

2. Да се откаже од она што сака. Мудра жена никогаш нема да бара од својот партнер да ја напушти својата работа или да се откаже од своето хоби. Таа знае дека на тој начин само ќе ја направи несреќна, бидејќи неговиот живот не треба да се врти само околу жената која ја сака.

3. Да ги напушти своите пријатели и семејството. Може да се случи жената да не се сложува со некој од неговите пријатели или членови на семејство, но мудра жена никогаш нема да побара нејзиниот маж да престане да комуницира со некои од нив.

4. Не инсистира да делат интересирања. Можеби со својот партнер не дели исти интереси, но тоа не значи дека во врската нема љубов и почитување.

5. Не го присилува да се менува. Мудра жена знае дека никој не може да се промени ако тој тоа не го сака и никогаш нема да се обиде да го менува својот партнер. Таа го прифаќа таков каков што е, а мажите тоа го ценат.

6. Не бара од него да ги игнорира другите жени. Да бидеме реални, мажите не можат да не обрнуваат внимание на другите жени, тоа е во нивната природа.

7. Не бара докази за верност. Мудрата жена тоа нема да го побара. Таа му верува бидејќи нивниот однос е изграден на доверба. И таа сама знае дека со такво однесување само покажува непочитување кон својот партнер. За да владее мир и хармонија, двата партнери треба да се трудат и да направат компромис кога е потребно. Почитување, разбирање, трпение и емпатија е она што треба да владее во односот меѓу двајца зрели луѓе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: