Тој никогаш не ја удри…

Никогаш не ја удри за да може да се види. Всушност, никогаш не крена рака на неа. Но, душата и’ беше во модрици. Однадвор гледано, тие беа совршен пар. Складен и на место. Тој секогаш расположен за муабет, духовит и полн со одговори на поставени и непоставени прашања. Таа- насмеана и тивка, освен ако треба со гласна насмевка да се смее на неговите шеги. Како минуваше време, се забележуваше дека неа не и’ беше смешно. Дека нешто во тој совршен свет сепак ‘не е на место’ а се препознаваше во нејзината упорна насмевка.

Беа далеку од складен пар. Но, кој сум јас ‘однадвор’ да правам проценка и да мислам? Така престанав да обрнувам внимание на нив двајцата на честите семејни собири. Додека еднаш не ја сретнав случајно во продавница. Тогаш за еден момент ја видов неа. Каква е без него. Она што тој направи од неа, а не каква е всушност таа. Во тој поглед ги видов сите модрици, сите несолени ручеци, недоволно исчистени алишта, недоволно добри деца, недоволно оргинални идеи.. Се извлекував од канџите на нејзината одглумена среќа. Ја тргна маската..

Однадвор се совршен пар, но само на површината. Не беа усогласени во своите лаги. Тој секогаш зборлест- никој не смее да му упадне во збор, нападно зборува со сите веќе познати вицови, секогаш најпаметен, за било која тема. Таа- секогаш со вештачка насмевка, тивка, бидејќи што знае таа подобро од него, гласна кога се смее на неговите глупости, бидејќи како луѓето ќе знаат дека е таа добра сопруга?

На почеток тоа беше се’ за Тој да знае дека е таа добра сопруга, жена, домаќинка, мајка. А подоцна сфати дека тој никогаш нема да знае. Дека таа тоа никогаш нема да биде. Дека се’ нејзино е недоволно. Тогаш и преостана само другите да не го видат тоа. Нејзината недоволност или нивниот несклад, сеедно. Кога случајно ќе се види- повторно таа ќе биде виновна.

Никогаш не ја удри за да се гледа. Всушност, никогаш не кренал рака на неа. Но, душата и’ беше цела во модрици.

извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: