Чуваш нешто во себе, нешто свое што не го даваш за ништо на светот

После некое време, повторно сум на почеток… Тој горчлив вкус на неизвесност, ме удира во душата и ме фаќа тоа чувство на беспомошност, ме стега околу грлото и постојано ме клука во мозокот, сакајќи да ме убеди колку не сум вреден, како не сум достоен ниту за живот.

Како нешто да сака да ме скрши, да ме убие во поим, да ме уништи да не постојам повеќе, сака да исчезнам од Земјата. Како во некој лавиринт, како во кафез, вратите се секаде затворени, излез никаде во близина.

Но, не се откажувам ни за миг, како да го набљудувам сето тоа од страна и знам, не може да биде вистина, тоа не може да биде смислата на животот, едноставно знам во некој свој дел и цврсто верувам во друго.

Да, тоа е она што го држи човекот и што го прави нескршлив, неговата верба. И го чуваш тоа нешто во себе, тоа нешто свое, не го даваш тоа за ништо на светот, за никакви пари, ни по цена на животот, тука дилема нема, тоа е нешто свето што постои во тебе, што постои во секој човек, тоа е твојата душа, таа е дар од Бога и покрај се’, таа мора да биде чиста.

Јас посакувам Сам да излезам од таа темнина, да поминам низ таа врата која знам дека не е за мене, не сакам пекол, не го заслужувам, бескрајно си го сакам животот и светлината, сакам да бидам слободен, сакам свесно да живеам, свесен да биде секој мој здив.

Темнината не е за луѓе, кафезот за птици, цвеќето за вазна. Човекот не е создаден да биде роб. Слободата е човеково најголемо богатство, таа е негово најголемо достигнување; да се биде слободен, да се биде љубов, да се биде со Бог.

Далибор Мацан

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: