5 работи кои жените ги прават а мажите не ги разбираат

Жените знаат дека мажите никогаш нема да разберат зошто некои работи ги прават, па еве зошто најчесто мажите се нервираат.

1. Намерно се изложуваат на физичка и емоционална болка; Мажите не ја разбираат женската потреба да гледаат филмови поради кои плачат. Истражувањата покажуваат дека причина за тоа е женската потреба да доживеат романтика во врската. Исто така на мажите не им е јасно поради што жените се изложуваат на физичка болка кога носат високи потпетици. Само жените разбираат зошто тоа го прават и подготвени се се’ да направат за да изгледаат поубаво.

2. Одење во ВЦ заедно; На мажите не им е јасно зошто жените, кога излегуваат, заедно одат во тоалет. Многу има причини поради кои жените одат заедно во тоалет. Делење на хигиенски производи, шминкање или делење на совети се само некои од нив.

3. Поставување на незгодни прашања; На некои прашања кои жените им ги поставуваат на мажите едноставно тие не знаат како да одговорат, бидејќи се плашат дека било каков нивен одговор може да биде погрешен. Кога жената ќе ве праша дали изгледа дебело, добро размислете пред да одговорите нешто.

4. Не ми е ништо; На мажите никогаш нема да им биде јасно зошто жените зборуваат дека се добро кога не се. Жените често сакаат мажите да сфатат што се случува со нив; а при тоа ништо да не им кажат. На мажите им е тоа многу тешко и повеќе сакаат директно да им кажат што ги мачи.

5. Сакаат кога мажите им се удвараат, но… На многу жени им сметаат машките шеги кога ќе почнат да им се удвараат. Некои фрази кои ги изговараат страшно го нервираат и можат само да изгубат интересирање за мажите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: