Ако бидете трпеливи во еден ден на бес, ќе преживеете сто дена на тага

Да се биде трпелив не значи да се биде слаб или кукавица. Понекогаш е подобро да молчиме и да пуштиме бесот да се намали, отколку се’ да изгубиме во моментот на неконтролиран бес. Трпението е доблест на мирните срца, способни да сфатат дека трпението во деновите на бес, спречуваат сто дена на тага.

Сите се соочуваме со сличен момент. Всушност, понекогаш живееме во ‘епицентар’ на средината која бара многу труд и која ја тестира нашата способност да издржиме и вештината неопходна за добро управивање со емоциите. Бесот е како ‘точка’ која се активира кога ќе изгубиме контрола и која обично има многу несакани последици.

Научете да бидете трпеливи, да го смирите бесот за да направите простор за разбирање. На тој начин ќе сфатите дека лутината ништо не решава, бидејќи може да направи се’ да изгубиме. Кога зборуваме за тие две неверојатни доблести, се чини дека тие се вешто поврзани со пасивноста, со оние кои не се во состојба да реагираат. Сигурно не мора така да мислиме. Мудра тишина поради кои сме трпеливи ни помага да го смириме умот и да делуваме со повеќе трпение, со повеќе правда и умереност.

Кога зборуваме за бесот или незадоволството, веднаш ни паѓа на памет слика на мало дете кое се подготвува да вреска. Иако се тоа хирови од детството и проблем со кој мора да знаеме како да се носиме и кој не смее да се занемари за да научи детето да управува со своите емоции, исто се случува и со возрасните. Да се потисне бесот значи да се чувствуваме лошо, но и бесот кој ќе експлодира во агресија исто така предизвикува жртва.

Бидете трпеливи, смирете го својот ум и бранете се без напад. Бидете мудри. Постојат оние кои ќе одлучат гневот да го ‘проголтаат’. Се однесуваат како никогаш ништо да не се случило, тие едноставно одлучуваат да го сокријат својот бес и фрустрација. Меѓутоа, тоа не е правилно и не е здраво однесување. Не е дури ниту мудро да дозволите бесот да излезе.

Оние кои умеат добро да управуваат со емоциите, ќе осознаат дека два најсложени непријатели со кои човек мора да излезе на крај се бес и незадоволството. Исто така се поврзани со многу физиолошки промени кои уште повеќе ги зголемуваат негативните чувства. Од тие причини, кога мора да го победите непријателот, најдобро оружје е да го запознаете.

Постојат луѓе кои често се лутат. Можна причина која го објаснува постоењето на овие индивидуални разлики е поголема или помала толеранција на фрустрација или дури некои генетски фактори. Бесот се јавува во нашиот мозок по суптилна нерамнотежа помеѓу нивото на сератонинот, нивото на допаминот и нивото на азот- оксид. Сето ова доведува, некои луѓе да имаат чести изливи на бес. Бесот кој не е возможно да се контролира, кој не може да се образложи или со кој не се управува правилно може да биде причина за фрустрација и непријатност.

Кога бесот ќе го обземе нашиот мозок пратејќи го ефектот на неуронската хемија, сведоци сме на разни физиолошки промени кои ги појачуваат негативните емоции. Во овој момент гневот галопира вон контрола. Бесот не може да се сокрие, мора да се разбере и да се насочи на вистински начин, така да не може да не’ угуши и повреди. Никогаш не му верувајте на човек кој ќе ви каже дека никогаш не се лути. Сите сме жртви на неправда, примаме лоши зборови и коментари кои се неправедни и навредливи.

И покрај тоа, пред да дозволиме нашиот бес да се претвори во искра која го потопува огнот на бесот, неопходно е за момент да размислите за овие аспекти: Дајте му име на она што ве лути. Не ги слушајте само сензациите, онаа непријатност која ви се вовлекува во стомакот и го напаѓа вашиот ум. Опишете со конкретни зборови што ве мачи. Неколку секунди побарајте смирување, затворете ја својата ‘ментална палата’. Тоа е мирен и спокоен простор кој ви припаѓа само вам. Визуализирајте совршено место за испуштање на бесот и негативни емоции, а потоа замотајте се во разум. Во овој момент визуализирајте ја најдобрата опција за решавање на изворот на бес.

Причините за својата лутина искажете ја на позитивен начин. Бескорисно е да се ‘проголта’ она што не’ боли, бидејќи бесот не се крие под креветот, тој се манифестира во вид на зборови, чија цел е јасно да нагласи она што ве боли, а што не сакате. Понекогаш и наједноставна активност како одење, длабоко дишење и барање точка на хоризонтот на која ќе се одморите и ќе го исклучите прекидачот за бес може да ве спаси од сите надворешни опасности кои го населуваат секојдневниот живот.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/pazienti-ira-cento-tristezza/

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: