Ако не си подготвен искрено да ме сакаш- оставиме на мира

Наречете ме традиционалист, но јас сум личност која верува во љубов на класичен начин. Јас верувам дека вистинската љубов е нераскинлива, која трае засекогаш. Може дури да се каже дека сум опседната со идејата за љубовта, но не се грижам.

Јас секогаш ќе бидам личноста која ќе трага токму за таа љубов покрај која не посакувате ниту една друга, бидејќи таа ќе биде доволна. Јас сум човек кој верува во добрината на човечкото срце и засекогаш ќе бидам таква. Јас од својата врска не сакам ништо половично. Не сум ОК со тоа некој да се задржи тука кратко време. Ако сакаш да бидеш со мене- тоа мора да биде за цел живот.

Иако звучи екстремно, јас сум отсекогаш таква. Јас не го давам својот минимум- јас давам се’. Со мене мора да поделиш се’, единствено така ќе знам дека можам да ти верувам во потполност. Твоите најдлабоки мисли, желби, стравови, чувства…сакам да знам се’. Мора да ме увериш дека ме сакаш и дека посакуваш се’ со мене, мора да ми дадеш до знаење дека нема да се откажеш по првата препрека која ќе се појави, морам да знам дека постојано одново ќе ме освојуваш и ќе се бориш- само така ќе можам да возвратам со иста мера.

Ако мислиш дека ќе се задоволам само со делчиња од твоето внимание, тоа не е вистина. Нема да се согласам да ми го дадеш целото внимание, па потоа одеднаш да престанеш. Јас сакам се’ со тебе. Те молам да ме разбереш сериозно, јас не сум некоја играчка со која ќе се поиграш и само ќе ме оставиш по страна, ниту јас така ќе те третирам.

Сакам искрен однос полн со љубов и разбирање и исто тоа сум подготвена да дадам. Мојата идеја за љубовта ми зборува дека за се’ треба труд и јас сум подготвена за тоа. Љубовта е една од најубавите работи која можете да ја искусите со другите човечки суштества. И затоа јас уживам во љубовта со цело свое срце. Ги разбирам и сите одговорности кои доаѓаат со љубовта и подготвена сум да ги поделам со својот партнер и мора да бидам со некој кој ги сака подеднакво исти работи како јас. Барам нешто за засекогаш. Ако не си подготвен тоа да ми го дадеш, подобро остави ме на мира.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: