Не мора да го заборавиш минатото, само остави го зад себе

Судбината е дело на нашите длабоки уверувања. Не е судбината таа која го одредува нашиот живот, ние сме тие кои ја одредуваме нашата судбина. Од многу умни способности кои ги поседуваме една е навистина посебна и моќна, но за жал, токму таа е најмногу занемарена и напуштена, бидејќи сметаме дека претставува незрелост, нешто што е особина само на децата, а не на возрасна личност.

Тоа е нашата мечта, нашиот најкреативен мисловен процес, оставен и заборавен на маргините на нашиот ум. Времето во кое живееме ни наметнува логика, како единствен исправен начин на размислување, во спротивно ни се заканува опасност од неуспех, било да е тоа во семеен, службен или социјален аспект на живеење.

За многумина логиката претставува сериозност и сталоженост, кои се неопходни ако личноста сака да биде успешна во сите полиња на својот живот, додека мечта преставува несериозност и оној кој е сонувач, животот го сфаќа премногу лесно. Оној кој ја користи само логиката, вечно чекори по изгазени патеки! Воден воглавно од страв кој го смета за рационален, при што не се обидува да ‘експериментира’ и на тој начин животот останува без радост.

Токму тоа е ‘крвната слика’ на светот во кој живееме, каде луѓето им дозволуваат на стравовите, да им ја одземат радоста на живеењето која ја носи мечтата, која е творец на се’ што не’ опкружува. Мечтата е маестрален архитект во секој од нас, таа е Божествена особина и голем дар, има моќ да внеси богатство во нашиот живот, оној кој ќе ја открие во себе, сигурно ќе ја осознае вистинската радост на живеењето.

Сета наша креативност извира од нашата мечта, а сите знаеме колку е креативноста важна за квалитетот на нашиот живот, таа не’ обогатува во секоја смисла и внесува ‘боја’ во нашето секојдневие. Но, она што е најважно, нашата мечта создава свет во кој живееме и го обликува сиот наш живот.

Набљудувајќи ги луѓето околу себе, ќе забележите дека исчезна насмевката од лицето, очите се отсутни, а тоа ни зборува дека многумина се во својата тишина, загрижени, што е последица на пресериозно сфаќање на животот и губењето на способноста за мечта и верувањето, во она за што се мечтае.

Навистина е жалосно да се помине животот во замислени стравови кои не’ прават несреќни, на тој начин ние создаваме своја несреќа и одбиваме да бидеме среќни, апсолутно несвесни дека сме сами творци на својата стварност. Вербата ја оживува мечтата и ја обликува стварноста. Сето богатство или сиромаштво, среќа или тага се последица на она што е длабоко уверување на личноста и сето она што го носиме во себе како вистина, е она што сме и што живееме.

Кој ќе го сфати тоа, свесен е за силата која мечтата ја поседува, бидејќи се’ што посакувате во својот живот, мора да биде конструирано во вашата мечта, поради тоа не дозволувајте вашите мисли да бидат окупирани со грижи, бидејќи тоа само создава нови грижи во вашиот живот.

Верувајте во себе и во својата мечта, верувајте дека сте вие креатор на својата стварност, верувајте во Бог кој е во вас и кој преку вас делува и не дозволувајте и’ на вашата логика, било кога да ви ја одземе таа можност на верување, бидејќи вашата мечта и вашата верба се она што го креира животот кој го живеете, а логика е она што ве наведува да живеете во веќе креиран систем, кој ви ја одзема слободата на живеење.

Не дозволете да бидете затвореник во темнината која сте ја изградиле со своите стравови и ограничени уверувања, издигнете се над лагите и станете креатор на својата стварност. Она што го живеете е ваш избор!

Извор:zivottosamja.blogspot.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: