Разорната сила на потценување на самиот себе

Секојдневно мора не само да се соочиме со очекувањата кои ги изразиле другите, туку мора да бидеме свесни дека понекогаш ние сами се потценуваме и малку работи можат да бидат повеќе деструктивни од таквиот став кон себе.

Многу од нас се воспитани со здрава вредност на понизност, да знаат како да ја ценат важноста на едноствни работи, да бидат благодарни и дека не треба да се фалат со својот успех. Меѓутоа, мора да се има на ум дека овој образовен принцип може да не’ доведе до крајност која не е толку позитивна. Постојат оние кои мислат дека понизноста е ограничена на смирување на нашите доблести за доброто на другите, да попуштиме, да бидеме едноставни и да го сокриеме своето его.

Денес е интересно да се види како многу луѓе ги кријат своите таленти или успеси во име на овие ‘железни’ вредности, ограничувајќи го својот личен раст заради лошата самопроценка. Мислејќи дека можеме да ги надминеме другите, понекогаш можеме да се соочиме со идејата дека премногу се ‘фалиме со себе’. Ако гласно ги искажеме своите желби, можеби ќе се сретнеме со ограничувања кои ги поставиле други кои не’ сметаат за премногу амбициозни за да тежнееме по тие ‘безгранични’ врвови.

Меѓутоа, зошто да не се проба? Понекогаш не е јасно дека понизноста не преставува и познавање на своите граници и свест за тоа каде сме, што имаме и кон што тежнееме. Никој, апсолутно никој нема право да не’ ограничува и да ни ги крши крилата. Ако не ве слушаат, не разговарајте. Ако не ви веруваат, фокусирајте се на своите сили на верување во себе. Да се однесувате на овој начин не значи да се биде горд или препотентен, апсолутно, тоа значи да се биде искрена личност со јасни идеи.

Како обично се искажува ниска самопочит? Важно е да се разгледаат овие едноставни аспекти за да разберете кога се потценувате. Веројатно ќе сфатите дека тоа се работи кои сите понекогаш ги правиме:

1. Му давате приоритет на мислењето на другите. Тоа е ризик. Ако повеќе го цените она што вашето семејство, пријателите или партнетот ќе кажат повеќе од вашите идеи и чувства, тоа ќе биде јасна демонстрација на ниска самопочит со која ќе мора да се носите. Не се обидувајте секогаш да им удоволувате, бидете самозадоволни или не им противречете, чувствувајте ги своите вредности и однесувајте се во склад со нив.

2. Споредување со другите. Вие сте вие, она што другите постигнале и направиле не е во вашето лично подрачје.

3. Со кој сте поврзани? Какви се луѓето околу вас? Одвојте момент да размислите за тоа како се чувствувате во своето друштво. Дали ве подржуваат? Дали ве слушаат? Секогаш развивајте здрави односи кои ви овозможуваат да бидете свои, ви нудат квалитетен живот и го зајакнуваат вашиот раст како личност. Ценете се себеси онакви какви што сте, избегнувајќи да се потценувате , бидејќи ако не почнете да верувате во себе, никој нема. Демонстрирајте ја својата сила и талент, допрете ги врвовите и допрете ги ѕвездите ако е тоа што го сакате. Никој не може да ве застане.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/il-potere-distruttivo-del-sottovalutarsi

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: