Некои луѓе уживаат да се мешаат во туѓи животи од 2 причини

Тоа е најневкусна, досадна и токсична навика која луѓето можат да ја имаат. Било да е тоа дома, на работа или некаде на друго место, некои луѓе мислат дека имаат право секогаш да го пикаат носот таму каде што не им е место.

1. Некои тоа го прават бидејќи сакаат да помогнат; Ова е обично случај со пријателите. Гледаат дека поминуваме низ лош период во животот и бидејќи се грижат за нас, ни нудат своја помош. Се трудат да направат се’ за да се чувствуваме подобро и да ги надминеме проблемите, па ни нудат совети. Прават се’ што можат за да помогнат да застанме на свои нозе, но во меѓувреме забораваат дека постои граница која не смеат да ја поминат, без оглед колку се мачиме во животот.

Помошта ни е некогаш добредојдена и треба да ја почитуваме, но понекогаш станува премногу и ни создава притисок. Едно е да подадеш рака како пријател, а сосем друго да се биде напорен поединец кој ги присилува луѓето да ги следат неговите совети.

2. Некои тоа го прават бидејќи се незадоволни со својот живот; Некои луѓе уживаат да го пикаат носот во туѓите животи и да бараат грешка за да се чувствуваат подобро. Тоа обично го прават луѓе кои имаат ниска самодоверба, несигурни се и живеат живот во страв. Тешко им е да направат некои промени во својот живот, па уживаат во туѓа несреќа.

Кога некој е посреќен од нив тие се чувствуваат загрозено, несигурно и завидливо, а кога некој страда на ист начин како нив, чувствуваат олеснување. Тоа им го подигнува расположението, бидејќи знаат дека не се единствени кои се во проблеми и кои не се среќни и задоволни со својот живот. Чудно е како нечија несреќа може да биде извор на нечија среќа.

Чудно е како некои луѓе уживаат да се мешаат во туѓи животи и пронаоѓаат среќа во туѓа несреќа. По малку е смешно што го имаме сето време на светот, а ние одлучуваме да го трошиме на работи кои не даваат никаква вредност во нашиот живот и кои нема да ни помогнат да станеме подобри луѓе, туку токму спротивно. Кога ќе одлучиме помалку да го пикаме носо во туѓи животи и кога ќе можеме да се фокусираме на себе и на работите кои можат да ни помогнат да се развиваме, ќе бидеме многу посреќни. Направете го својот живот повреден и гледајте ја својата работа.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: