Од женски агол: Драги мажи, не чекајте жената да побара ваша помош, туку засучете ги ракавите

Еве ја вистината. Не може таа се’ сама. Таа се бори, уморна е од секојдневната работа. Уморна од трчање секој ден, по цел ден. Уморна од тоа да мора и тогаш кога ќе и’ снема сила. Уморна е што мора сама да работи во домот и што понекогаш се чини како таа да е единствен родител.

И’ досади да работи се’ што треба во домот само затоа што е жена и што сите мислат дека местото на жената е во кујната и дека некои работи се подразбираат. Никој не ја прашува како се чувствува, иако секогаш се труди да заврши се’ на време за да биде малку и со децата. И’ досади да зборува дека и’ е потребна помош. Но, Ти сфати дека не и’ треба помош.

Неа и’ треба да почнеш да се однесуваш како возрасна и зрела личност. Не е таа сама во бракот. Таа сигурно не се согласи на ова кога одлучи да се омажи за тебе и да го помине животот покрај тебе. Зарем мора постојано да бара од тебе помош околу миењето на садовите или чистењето. Неа и’ треба рамноправен партнер, личност која секогаш ќе ги подели обврските со неа. И’ треба човек кој ќе биде присутен во нејзиниот живот од моментот кога наутро ќе ги отвори очите, до моментот кога навечер ќе легне и ќе заспие.

И’ треба личност која не треба да ја моли да направи нешто, да биде одговорен родител и внимателен сопруг. Затоа не ја чекај да ти каже што да правиш. Не чекај да дојде уморна од работа и дома да ја чека хаос. Вие двајцата сте во овој брак заедно, затоа однесувај се зрело и биди рамноправен партнер кој и’ е најважен. Тоа е она што сака твојата сопруга.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: