Престанете да им давате љубов на оние кои не се подготвени да ве сакаат вас

Прекинете ги тешките разговори со луѓето кои не сакаат да се променат. Престанете да трчате по луѓето кои се рамнодушни кон вас. Престанете да ги сакате луѓето кои не се подготвени да ве сакаат. Знам дека вашите инстикти прават се’ за да ја добиете наклоноста на луѓето околу вас, но тој инстикт ќе ви го украде времето, енергијата, менталното, физичкото и духовното здравје.

Кога ќе почнете да водите сметка за себе и за својот живот во потполност со радост, со интерес и предаденост, нема сите да бидат подготвени да ве пронајдат на тоа место на чиста искреност. Тоа не значи дека мора да го промените она што сте. Тоа значи дека мора да престанете да ги сакате луѓето кои сеуште не сакаат да ве љубат вас.

Она што овој свет го прави посебен е кога ќе најдете неколку луѓе со кои имате убаво пријателство, кога имате љубов и онаа вистинска врска со нив. Ќе знаете кога ќе го имате тоа богатство бидејќи веќе го искусивте она што не е. Што повеќе време трошите сакајќи ги оние луѓе кои не можат да ве сакаат вас, повеќе време губите за пронаоѓање на оние вистинските луѓе кои ви се потребни. Што помалку ќе останете поврзани со луѓето кои само ве искористуваат и на кои сте им резервна опција, губите време кое можете да го искористите да ги пронајдете луѓе кои ви се потребни вас.

Ако престанете постојано да се појавувате, можеби ќе бидете помалку посакувани. Ако престанете да се трудите, вашата врска може да заврши. Ако престанете да испраќате пораки, вашиот телефон може со денови да биде тивок. Можеби ако престанете да сакате, љубовта меѓу вас ќе исчезне. Тоа не значи дека ја упропастивте врската, тоа значи дека се’ што таа врска имаше е енергијата за која само вие се боревте да ја одржите.

Тоа не е љубов туку врзување. Тоа е ваша желба да им дадете шанса на оние кои никогаш не сакаа. Запомнете дека оние луѓе кои ви го даваат своето време и својата енергија тие да го дефинираат вашето постоење. Дури откако ќе го сфатите, ќе почнете да разбирате зошто сте толку нестрпливи кога го поминувате времето со луѓето кои не ви одговараат.

Ќе сфатите дека најважната работа која можете да ја направите за себе, за овој живот и за другите е да ја штитите својата енергија од се’. Претворете го својот живот во сигурно место во кое ќе ги пуштите само оние луѓе кои ви одговараат. Не сте одговорни за другите и никој не треба да го спасувате. Не е ваша работа да постоите за другите и да им го давате својот живот малку по малку. Одлучете дека ви е потребно и дека заслужувате вистинско пријателство, потоа почекајте и ќе видите како се’ пополека почнува да се менува.

Инспиративен текст на Anthony Hopkins

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading