Често не се свесни за своето токсично однесување- Како мајките несвесно им штетат на своите деца

Колку грдо и болно да звучи, токсични мајки постојат. Тие не им даваат безусловна љубов на своите деца и не им се подршка. Секој од нас некогаш имал проблеми со своите родители со кои не се сложуваме секогаш и во се’. Но, тие несогласувања воглавно успеваме да ги решиме на мирен начин.

Меѓутоа, кога токсични мајки се во прашање, кај нив работите функционираат поинаку. Токсичните мајки воглавно се плашат дека ќе дојде момент кога на нејзините деца нема да им треба. Поради тоа често се однесува деструктивно, што подоцна може да влијае на стекнувањето на независност на нивните деца. Тие ги контролираат, манипулираат и ги спречуваат своите деца да напредуваат во сите аспекти на својот живот. Често ниту тие самите не се свесни за своето однесување и не гледаат дека им нанесуваат штета на своите деца. Покрај сето ова токсичните мајки имаат ниско самопочитување.

Поради тоа се многу несигурни и истата таа несигурност ја пренесуваат на своите деца. Често својата љубов ја изразуваат на тој начин што се обидуваат да ги контролираат животите на своите деца и сметаат дека е тоа правилно. Тие се лути ако децата направат нешто спротивно од она што ќе каже и мисли и кога децата ја игнорираат. Исто така, многу често овие мајки лечат некои свои комплекси од детството преку своите деца.

Со такво однесување ги спречуваат своите деца сами да одат низ животот, да носат свои одлуки и грешки кои би можеле да им помогнат нешто да научат. Токсичните мајки манипулираат и имаат авторитет над своите деца и често се користат со емоционални уцени. Често знаат да глумат дека се болни за да ги задржат децата покрај себе.

Последиците од штетата која токсичната мајка ќе им ја нанесе на своите деца, можат да бидат долгорочни. Покрај таква мајка децата растат полни со стравови и несигурности. Исто така, се дистанцираат од другите и тешко се вклопуваат во новата средина. Мајката многу често може да им набие чувство на вина ако се одлучат да си одат и се обидуваат сами да го градат својот живот. Тие се плашат дека засекогаш ќе ги напуштат и дека никогаш нема да им бидат потребни.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: