10 особини на несигурните мажи

Не е лесно да изградите стабилна врска со некој на кој му недостасува самодоверба, затоа е многу важно да препознаете несигурен маж.

1. Тој лаже. Не е секогаш лесно да воочите лажов, но ако се сомневате, тоа може да значи дека тој е производ на несигурност. Некои мажи имаат проблем да бидат она што се пред другите луѓе и наместо тоа, се обидуваат да бидат она што мислат дека вие сакате да бидат. Некои се исто така уплашени дека нема да бидат доволно добри за вас, што ги заплеткува во мрежата на лаги од која тешко се излегува.

2. Интровертен е. Да бидеме сосем искрени, овие луѓе се по малку несигурни. Некои по природа се срамежливи и тивки. Како било, тие често имаат само еден или двајца блиски пријатели, бидејќи излегуваат од својата зона на комфор во друштво на повеќе луѓе.

3. Премногу е критичен. Ова посебно се однесува на мажи кои ги критикуваат жените со кои излегуваат. Тој не сака вие да ги забележите неговите мани и затоа постојано ги истакнува вашите. Неговата несигурност ќе направи тој да се чувствува супериорно на луѓето околу себе.

4. Не го кажува своето мислење. Мажот кој е несигурен во себе никогаш нема да го ‘разниша бродот’- што значи, со цел да ви се допадне уште повеќе, тој нема да го искажува своето мислење туку едноставно околу се’ ќе се сложи со вас. Тој се плаши дека ќе ве вознемири ако вашето мислење не се согласува со неговото и затоа едноставно бира да се сложи со вас, дури и ако немате исто мислење за нешто.

5. Постојано се обидува да ја докаже својата машкост. Мажот кој се обидува да покаже и да ја докаже својата машкост, не е мачо маж, напротив. Тој најверојатно е оној несигурен тип. Зошто? Самоуверени мажи се оние на кои им е пријатно во нивната кожа и немаат потреба да се покажуваат и докажуваат било што- себеси или на другите. Ако постојано се обидува да докаже колкав е маж- тој е многу несигурна личност длабоко во себе.

6. Постојано му е потребна потврда. Овој маж веднаш се забележува. Несигурниот маж секогаш се прашува како изгледа и многу му е важно да слушне што околината за него мисли. Постојано ќе поставуваат прашања со желба да ги чуе од вас комплиментите на сметка на својот изглед, а тогаш истата потврда ќе ја бара и од својата најблиска околина.

7. Споредување. Многу мажи мразат кога жената ги споредува со други мажи, посебно со бившите. Несигурниот тип има проблем со тоа да се споредува со другите. Ќе бара било каков начин да го подигне своето его на повисоко ниво. Ова во главно е безболно, но покажува дека тој има проблем со самодовербата.

8. Лесно се навредува. Ова е уште еден тип кој не би требало да биде проблем да го забележите. Не е изненадувачки, дека е многу лесно да се повреди нивното его. Ќе се налути дури и ако сте вие во право или ако нешто ги направи помалку привлечно. Ако на било кој помен на критика веднаш силно се буни, тоа е знак на несигурност.

9. Неговата љубомора лесно излегува од контрола. Постојат многу причини зошто мажите можат да развијат чувство на љубомора, но несигурноста е секако важен фактор. Несигурниот маж ќе биде љубоморен за секунда, само кога ќе се спомне машки пријател или колега.

10. Неговите чувства се многу големи. Емоцијата и чувствата се мач со две оштрици. Несигурните типови на мажи имаат тенденција малку да претераат, кога се чувствата во прашање. Тие пребрзо се врзуваат во нова врска и пребрзо изговараат ‘те сакам’. Искрено, тоа можеби и не е толку лошо, но маж кој премногу бара на самиот почеток на врската, ќе развие подоцна длабоки проблеми кои ќе мора заедно да ги решавате.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: