Грешките се знак дека се обидуваш: 7 негативни фрази кои многумина ги користат

Секое негативно однесување кое го саботира нашиот напредок и нашата среќа може да се промени. Прво што треба да направиме е да признаеме дека проблем постои, а најголемиот проблем се создава тогаш кога ќе почнеме да се лажиме самите себе. Ако престанеме со тоа можеме да постигнеме многу повеќе и можеме да се сакаме многу повеќе. Се’ се сведува на нашата подготвеност да престанеме да се залажуваме. Еве 7 негативни фрази кои треба да престанеме да ги повторуваме, ако сакаме да бидеме среќни и да напредуваме.

1. Немам време. Одоговлечувањето е јаз кој се создава помеѓу намерата и делувањето. Тоа си го правиме затоа што предалеку размислуваме, се плашиме дека не сме способни да обновиме нешто како што треба, па полесно е да го одложуваме или да се откажеме. Дури кога ќе започнете нешто да правите ќе сфатите дека работите и не се толку лоши колку што мислевте.

2. ‘Не можам да живеам без’…Ние можеме да живееме без многу работи, повеќе отколку што мислиме. Со тоа што кажуваме дека не можеме да живееме без некоја работа само ограничуваме и се залажуваме себе.

3. ‘Премногу е тешко’..Кога ја изговараме оваа фраза само себеси се наведуваме на мислење дека не сме доволно способни за нешто. Сами себе се казнуваме поради некои грешки кои ги направивме и повеќе не можеме да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме. Запомнете дека се’ додека не се откажувате, на крајот сепак ќе ја стигнете својата цел.

4. ‘Ќе изгледам како идиот’. Еден од најголемите стравови кои многумина ги имаат е страв од одбивање и поради тоа ќе изгледаат како идиоти. Исто така, многумина се плашат да го искажат своето мислење од истата причина.

5. ‘Не сум доволно јак’.. Внатрешната сила е сила на волјата, самодисциплината, истрајноста, способност на концентрација и контрола на умот. Онакви сме какви што ни се мислите, а ако сакаме да постигнеме мир и склад мора да мислиме во тој смер.

6. ‘Утре ќе го направам тоа’…Ако навистина сакате нешто да направите ќе најдете начин тоа да го направите, а ако не сакате ќе најдете изговор. Тоа е најчест изговор со кој се користиме кога нешто посакуваме да направиме, па тоа го одложуваме за друг ден.

7. ‘Цел свет е против мене’…Животот навистина може да биде тежок и понекогаш може да ни се случи дека се сите против нас. Сепак треба да бидеме свесни дека сето тоа е во нашата глава. Мора да се трудиме повеќе да мислиме позитивно и повеќе да го цениме животот. Во животот можеме да доживееме разни разочарувања, но мора да бидеме свесни дека среќата доаѓа одвнатре.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: