Некои врски не треба да се изгубат поради глупост- Кога партнерот ќе ве изневери имате две опции

Кога ќе ве изневери личноста која ја сакавте и на која и’ верувавте, тоа е едно од најголемите разочарувања кое ќе го доживеете во животот. Кога дознав дека мојата сопруга ме изневери бев скршен. Нашиот брак многу бргу после тоа заврши и изгубив секаква надеж дека можам повторно да пронајдам љубов. Се чувствував предадено и ја обвинував неа за крајот на нашиот брак. Ми требаше неколку месеци да се соберам, опоравам и во потполност да сфатам што се случи. Опоравувањето не беше лесно, но сфатив дека не е секогаш само еден виновен за неверството.

Двајцата подеднакво бевме виновни. Тогаш сфатив дека имам две опции. Првата е да ја обвинувам неа за се’ и да бидам и понатаму лута на неа и втората да се смирам, да го прифатам ова како лекција и да продолжам понатаму. Јас ја избрав втората опција. Додека ги барав одговорите на бројните прашања кои ме мачеа, не можев а да не помислам дека некако ја турнав во прегратките на друг маж. Не барав оправдување за нејзиното неверство, туку барав причини и се прашував колку бев и сам виновен за тоа.

После сфатив дека жената која ја сакав не се промени преку ноќ. Никогаш немаше да ме предаде ако јас со моето однесување не ја натерав на тоа. Сфатив дека не бев човек кој го сакаше и во кој се заљуби. Повеќе не спиевме во ист кревет, а јас често останував до доцна и спиев на каучот. Одамна престанав да излегувам со неа и го избегнував секој обид да ми се приближи и да биде блиска со мене. Кога сакаше да го почувствува мојот допир јас ја туркав од себе.

Сега гледам колку моето однесување влијаеше на неа и сега дури сочувствувам со неа. Сето ова ми помогна да престанам да глумам жртва и да ја прифатам одговорноста за се’ што се случило. Таа ме изневери, но јас за тоа имав своја улога. Сфаќам дека на некој начин и двајцата изневерувавме. Таа физички, а јас емоционално. Ја отфрлив од себе и не бев оној истиот во кој се заљуби, а тоа болеше.

Двајцата престанавме да бидеме верни на својата љубов. Престанавме да се трудиме и да вложуваме во нашата врска за да опстане таа. Сега знам дека врската бара труд и работа и не е потребно само на некој да му се каже ‘те сакам’ за да може да функционира.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: