Убавината на срцето- 10 особини кои одредуваат нечија привлечност

На книгата не треба да и’ судите по нејзините корици. Почетната страна е само еден приказ, но мора да се влезе подлабоко во книгата за да ја пронајдете вистинската приказна. Постојат многу работи кои можат да ја одредат нечија атрактивност. Треба да знаете дека бојата на вашата коса или очи се само еден мал дел на вашата приказна и дека убавината почнува кога ќе одлучите да бидете она што сте.

1. Вашата личност. Таа се состои од препознатливи обрасци на мислење, начин на размислување и манири кои ве прават единствени. Нашата личност има генетски компоненти и на неа може да влијае однесувањето на едниот или двата родители.

2. Вашата насмевка. Трудете се секогаш да бидете насмеани бидејќи ако некој ве види налутени сигурно нема да помисли дека изгледате привлечно. Насмевката емитира позитивност и прави другите повеќе да ви веруваат. Кога ќе се насмеете ги рушите сите бариери и им покажувате на луѓето дека сте топла и пријатна личност.

3. Начинот на кој се однесувате кон другите. Како се однесувате кон другите е многу важен показател на нашата внатрешна убавина. На вашиот иден партнер ќе му биде важно како се однесувате кон своите родители, членовите на своето семејство и пријателите, бидејќи тоа покажува како подоцна ќе се однесувате кон нив.

4. Вашиот интелект. Многу е важен за вашата привлечност. Потребно е многу пракса и искуство за да бидете во состојба да остварите убава комуникација и да можете да разговарате на различни теми. Затоа читајте, учете нови работи и работете на себе.

5. Вашата среќа. Повторно вратете се на на среќата бидејќи тој е еден од начините на некој да му покажете дека сте среќни. Среќната личност зрачи со топлина и лесно е да се препознае личноста која е задоволна и среќна.

6. Вашите очи. Очите се огледало на душата, а сите ние длабоко во себе криеме или светлина или темнина.

7. Начинот на кој се грижите за себе. Некои жени ја имаат таа способност и во скромен фустан изгледаат задоволно и привлечно, додека другите и во најскапиот фустан можат да изгледаат евтино. Ако добро се грижите за себе ќе бидете среќни и задоволни во животот, а со тоа ќе им бидете привлечни на другите.

8. Вашиот глас. Бојата на вашиот глас може да им биде неодолив на другите луѓе. Вашиот глас може на другите да делува со смирување и да прави да се чувствуваат топло.

9. Способноста другите да ги направите да се чувствуваат добро. Дали некогаш сте запознале некој, сте разговарале со него и имате чувство дека го познавате цел живот? Во таа личност постои нешто посебно поради што чувствувате дека можете да разговарате цела ноќ. Убаво е да се биде топол и да сочувствувате со другите.

10. Смислата за хумор. Луѓето посакуваат животен партнер поради кој секојдневните задачи ги прават забавни. Вашата смисла за хумор е голем дел од целокупниот ваш пакет.

извор: uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: