Ако сте со некој во врска не значи дека го поседувате

На почеток можеби мислиме дека кога ќе стапиме во врска всушност тој некој го поседуваме, но во стварноста тие двајцата немаат никаква врска еден со друг. Да се биде со некој не значи дека го поседуваме и тоа мора да го запомнеме.

Да се биде со некој значи дека можеме да сметаме на таа лучност кога е покрај нас. Да се биде со некој значи да уживаме во нејзино друштво кога е доброволно тука. Јасно е дека ја сакаме само за себе, но личноста не е предмет па да можеме да ја ставиме под клуч или да и’ ја скратиме слободата.

Единствена работа која е прифатлива е партнерот сам да одлучи дали треба му се посвети на својот партнер, да биде верен и само негов, а никако од него тоа да се бара. Постојат луѓе кои поради самиот факт дека се чувствуваат посакувани, веруваат дека тие автоматски ја поседуваат личноста која ги сака.

Тие не сфаќаат дека тоа не се предмети и дека немаат обврска да бидат блиски со нив засекогаш. Тие се слободни. Често поседувањето подразбира несигурност, бидејќи како што рековме, луѓето не се предмети. Луѓето доаѓаат и си одат, се’ што можете да направите е да уживате во секој момент и секоја ситуација.

Не можеме луѓето да ги задржиме, бидејќи не ги поседуваме. Поседувањето не е љубов, тоа е несигурност и страв.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: