Дали сте во фазата ‘Баш ми е гајле’?

Не треба ништо да правите за да бидете слободни. Не треба да полагате тестови. Не треба на никој да му се поклонувате. Не треба да имате гуру. Потребно е само да отпуштите. Се’ да отпуштите. Треба да имате став кој се изразува вака: ‘Не ми е гајле’.

Но, не во саркастичен и арогантен манир, туку со љубов. Кога вашите односи ќе се формулираат по принцип:’ Нека светот работи со мене што сака. За мене нема никакво значење, низ какво искуство ќе помине. Не е важно дали сум болен или здрав, богат или сиромашен, среќен или тажен. Сето тоа нема ниту најмалку значење’.

Кога ќе почнете да мислите така, значи дека сте на вистинскиот пат. Престанете да мислите толку многу за себе. Престанете да се обидувате така силно да се подобрувате себе. Оставете се себе на мира. Природата ќе се погрижи за вас. Секогаш ќе знаете што да правите. Престанете да мислите за тоа. За своето здравје, за својата животна ситуација и односите со другите луѓе.

Кога ќе престанете да мислите за овие работи, тие автоматски ќе почнат да се подобруваат и ќе станат подобри отколку што можете да замислите. Не правете планови, по кои ќе живеете. Не верувајте дека ќе мора да живеете по некој одреден образец. Дека мора да имате некој одреден приход. Да имате некое одредено семејство. Да живеете во некоја одредена земја. Оставете ги работите на мир.

Се’ само ќе се погрижи за тебе. Не борете се со себе секогаш кога ќе помислите дека нешто не е во ред… Случајности не постојат. Се’ е токму така како што е. Грешки не постојат. Ти си на вистинското место и минуваш низ искуство кое е неопходно за тебе. Нема ништо неправилно. Кога ќе почнете да го сфаќате тоа, тогаш сфаќате дека универзумот не ве казнува, дека не постои Бог кој ве казнува, дека не постои свет кој е против вас.

Работите во вашиот живот ви изгледаат случајно, бидејќи е тоа неопходно за вашето духовно откривање во тој момент. Она што изгледа лошо, всушност е скриен благослов. Она што изгледа добро, може да се испостави дека е штетно за вас. Затоа никогаш не треба да се осудувате себе. Вие само треба да му верувате на животот. Кога имате доволно доверба, ќе бидете среќни просто сами од себе.

автор: Роберт Адамс

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: