Како да се отпуштат луѓето кои ни го загорчуваат животот

Кај секој од нас постои човек кој не можеме така лесно да го отпуштиме од својот живот, од својот ум и срце. Еве неколку мудри мисли кои ќе ви дадат сила тоа да го направите:

1. Кога ќе отпуштите некој, тоа не значи дека повеќе не се грижите за тој човек. Само сфативте дека единствениот човек кој можете да го контролирате сте вие.

2. Не можете да го задржите некој ако сака да замине, сфаќате ли? Можете да го сакате само она што кај вас постои, додека постои.

3. Во одреден момент сфаќаш дека направи премногу за некој, дека единствен следен чекор е да се застанеш. Да го оставиш на мир. Тоа не значи да се предадеш, тоа не значи дека треба да пробаш. Тоа значи дека треба да одредиш граница. Тоа што е твое на крајот и ќе биде твое, а она што не е, никогаш нема ниту да биде без оглед колку силно се трудиш.

4. Отпуштете ја врзаноста, научете ја лекцијата. Понекогаш треба да заборавиш што чувствуваш и да се сетиш што заслужуваш.

5. Не ја сакаше таа личност, едноставно не сакаше да бидеш сам. Таа беше добра само за твоето его, те примора да мислиш подобро за својот тажен живот, но не ја сакаше, бидејќи нема да ја уништиш личноста која ја сакаш.

6. Некои луѓе веруваат дека за заборав е потребна голема сила. Но, всушност, потребно е многу повеќе сила да се отпушти некој.

7. Не е важно дали е тоа однос, начин на живот или работа. Ако тоа не те прави среќен, отпушти.

8. Понекогаш нешто добро се распаѓа, за да дојде нешто подобро.

9. Никој нема да отпушти, додека сам не види дека нема повеќе за што да се држи.

10. Што повеќе сте со погрешната личност, тоа е помала шансата дека ќе ја запознаете вистинската.

11. Понекогаш треба да се тргнат некои луѓе од својот живот, за да ослободите место за некој подобар.

12. Животот не е даден за да се чека да помине бурата. Даден е да се научи да се танцува на дождот.

13. Да се држиш за она што поминало, значи да веруваш дека постои само минато. Да отпуштиш значи да знаеш дека постои и иднина.

14. Еден ден некој ќе дојде во твојот живот и ќе направи да сфатиш зошто со никој друг не успеа.

15. Она што е судено, ќе се случи во секој случај.

извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/interesno/2017/11/eti-tsitatyi-dadut-vam-sil-otpustit-cheloveka-iz-svoey-zhizni

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: