Како една ноќ може да упропасти се’ – неверството носи 7 последици

Иако неверството за многумина значи крај на врската, некои врски можат да потраат и откога партнерот ќе изневери. Сепак, тоа предизвикува многу последици кои можат да го упропастат сиот труд кој е вложен во врската.

1. Прекинување на врската. Оној кој ќе се одлучи да биде неверен треба да има на ум дека повеќето врски се завршуваат со прекин. Иако секоја врска е различна и секој на поинаков начин гледа на неверството, многумина сепак сметаат дека после неверството врската не треба да продолжи. Понекогаш една ноќ е доволна да ја упропасти врската која се градела со години.

2. Изгубена доверба. Дури и ако врската продолжи по неверството, загубата на доверба е нешто со што мора да се соочите. Многу е тешко да се врати изгубената доверба и повторно да му се верува на некој кој ве изневерил, дури и тогаш кога ви ветил дека тоа нема да се повтори. Секогаш постои трошка сомнеж дека тој што изневерил еднаш, тоа ќе го направи повторно.

3. Огорченост. Неверството понекогаш може да предизвика толку голема огорченост кај личноста која е изневерена што посакува освета. Неверството може да биде почеток на долга и грда серија на напаѓање еден со друг.

4. Загуба на физичка блискост. Кога на некој еднаш му е скршено срцето тешко ќе може да биде физички близок со својот партнер. Често се случува по некое неверство да се изгуби физичката блискост со партнерот и потребно е многу време да се врати повторно.

5. Чувство на вина. Оние кои го изневериле својот партнер се често соочени со чувство на вина, која се создава дури и тогаш кога признаваат дека биле неверни. И оние кои се изневерени исто така можат да чувствуваат вина бидејќи во себе бараат вина и причина за неверството на партнерот.

6. Загуба на самопочитување. По чувството на срам и вина често следи и загуба на љубов кон себе. Многу луѓе ја губат почитта кон себе после неверството.

7. Осудувањето од страна на околината. Она што другите луѓе мислат за вас и вашата врска треба да ви биде последно на ум, но сепак многу луѓе ги интересира како другите ги доживуваат. Ако го изневерите својот партнер и тоа се прочуе, тоа може да остави трајни последици на вашата репутација.

извор: uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: