Мажите треба да се ‘разведат’ од мајките пред да се оженат

Драги мои жени, ако помисливте дека вашиот маж е независен човек на кој неговата мајка не влијае- веројатно сте во заблуда. Она што веројатно не сте забележале до сега, а истражувањата го покажуваат е фактот дека мажите многу наследуваат од своите мајки.

Од таму произлегува и нивната поврзаност. Со тоа, големи се шансите дека во својот маж ќе пронајдете се’ она што мразите кај неговата мајка. Секако, неговата мајка треба да има посебно место во вашиот живот и секако дека секоја жена треба да го почитува, но не сме сите родени за да се сложуваме.

Некогаш луѓето не се сложуваат со своите родители, зошто мора со туѓите?

Таа е првата женска фигура во неговиот живот која ги преставува сите други женски фигури. Ако е неговата мајка многу педантна до ситници, веројатно ќе мисли дека сите се такви. Ако неговата мајка често ‘звоца’ (за негово добро) тој ќе мисли дека сите жени се родени само да звоцаат. Како се поставила неговата мајка кон него и каква тој слика за жената има во главата, таков ќе биде неговиот брак.

Она што мажите треба да сфатат е дека сите жени се различни и дека треба да се ‘разведат’ од својата мајка кога стапуваат во брак со својата жена. Значи, заборавете на изјавите ‘Иста си мојата мајка’, ‘Мојата мајка тоа подобро го прави’ итн. Вашата жена не е ваша мајка и престанете со неа да ја споредувате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: