Уште една погрешна приказната…чека да биде раскажана…

Секоја…ама баш СЕКОЈА погрешна приказна ме одбра мене. 

Вистински во погрешно време…погрешни во вистинското време…Секоја погрешна приказна…

Оној еден збор…или само уште еден погрешен збор…кој само пецнува. Ти ја затегнува душата, само за миг те остава без воздух… Дел од секундата доволен да се отвори парче празнина. Збор кој креирал далечина невозможна за ниту еден километар. И сега…?

Не секој молк е лутина…понекогаш е само болка. Оној момент кога низ мислите ти прелетуваат мигови, како фотографии. Фотографии од кои чувствата ти стануваат поинтензивни…речиси како да можеш да се вратиш низ времето…

Утринско кафе… облечена во неговата кошула… Парфемот кој ја исполнува просторијата. Твојата кожа сеуште мириса на него. Спомени кои ја ранат празнината која станува се поголема.

Колку повеќе од себе даваш,толку помалку останува за тебе. Парче душа…за себе.

Уште една погрешна приказната…чека да биде раскажана…


Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: