Жената треба мажот да го омекне, а не да го ослаби

Секоја жена се наоѓа во различна фаза во односите со мажот. Некои се лудо вљубени, некои се пред венчавка, некои се пред раскинување, а некои се во брак и по триесет години. Сите парови имаат проблеми и несогласувања. Иако многу од нив посакуваат да живеат без расправии, без љубомора и страдање, тие чувства се како сол и пипер во јадењето, без нив ништо не е вкусно.

Фројд остана без одговорот: ‘Што всушност сакаат жените?’ Женската психа не се покорува ниту на една логика. Сепак, таткото на психоанализата го формулирал она што мажите го очекуваат од жените и кои особини ги ценат кај нив.

1. Мажот кој сака многу жени ги познава жените, а оној кој сака само една – учи за љубовта.

2. Никогаш не сме беспомошни пред страдањето, туку кога сакаме.

3. Сопругот е секогаш само замена за посакуваниот маж

4. Луѓето се многу поморални отколку што мислат и многу неморални отколку што можат да замислат.

5. Личноста сака она што му недостасува на нејзиното Јас, за да го постигне идеалот. Ако размислите за оваа фраза и ги анализирате своите претходни врски ќе видите каква личност е вашиот партнер, зошто исчезна врзаноста и што може да се направи за да се исправи тоа.

Има уште една Фројдова фраза која има големо значење и носи силна порака. Жената треба да го омекне, а не да го ослаби мажот. Се чини дека многу жени денес сакаат да ги земат работите во свои раце и да го водат главниот збор. Сетете се на онаа стара изрека дека мажот е главата, а жената врат на семејството. Вратот ја врти главата во оној смер во кој сака, а жените тоа го сакаат. Но, токму ова однесување го слабее мажот, а него по природа му треба нешто друго.. Тој мора да го води семејството и да биде силен, а жената треба да биде нежна, мила и благодарна на неговата работа.

извор: amazonke

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: