Зошто често ја потценуваме моќта на сексот?

Колку и да ви се чини дека ова што го прочитавте е површно на прва, постојат ситуации кога ништо подобро не може да поврзе еден пар, неговата меѓусебна комуникација, опуштеноста- од сексот. Секако дека сексот е само една ставка на бракот. Нас сигурно не ни треба Master Chef на сексот ако навистина не сме и животни партнери и не го делиме троседот на крајот од денот, вино или прошетка…можеби да -ако не сакаме подлабока врска. Тоа е друга работа.

Сето тоа држи вода, но сакам да ви укажам на уште нешто. Ако е сексот можен, а некогаш во одредени околности сме спречени- тогаш избегнување на секс, односно занемарување на важноста на планирање и организирање на време за секс- пополека и сигурно не’ прави странци или цимери. Посебно мислам на долгогодишни и брачни врски.

Важноста на дејтот или ‘Ние- време’ не смее да остане занемарена. Токму тогаш кога имаме многу работа, деца, грижи, замрзнато срце и сме во грч…не треба да го избегнуваме сексот и треба да се ставаме себеси на прво место. Помалку важно го сфаќаме сексот и го занемаруваме фактот каква разлика прави во односот и веќе во следниот момент имаме само пријател, но не и љубовник.

Сексот не’ зближува, топи некаков мраз во првиот слој под кожата и околу нервните завршетоци, создава тим, но и секој да се чувствува подобро во својата кожа, лицето, гласот, стасот, мирот во душата. Тој одеднаш изгледа наспиен, се смее погласно, многу грижи помалку има над главата, гласот му е подебел, сератонинот дивее…Таа одеднаш заведува со колковите, облекува штикли, прави колач, става руж и не и’ смета галамата на децата…Друга куќа, други луѓе. Хм, каков силен детокс.

Познавам парови кои редовно имаат односи, а јасно ги гледам и оние кои го немаат, за жал. Првите повеќе се смеат и зафркаваат, меѓусебе и со другите…Имаат планови и теми, заеднички интереси или хоби, спонтано се допираат додека пијат кафе. Тие сакаат да бидат заедно, да се возат, да одат на летување, кај нив не се забележува круто гушкање.

Сексот поврзува на единствен начин, но и отуѓува на фрустрирачки и тажен начин. Ако го нема, се’ станува компликувано и продолжува во расправа и разочарување. Важно е само никогаш да не се користи сексот како оружје, ниту некој да се казнува со одбивање на секс. Паровите кои редовно имаат односи- полесно поминуваат низ животни бури. Низ судири, недоразбирања и предизвици. А ги имаат како и сите други. Понежни се едни кон други, нивните тела имаат невидливи договори и почитување, страст која се подразбира и ја чувствуваат желбата која не дозволува да поминуваат часови и денови без гушкање или било каква интимност, не дозволуваат односот да се влошува.

Секое гушкање ни го зајакнува имунитетот. А секс…кој тешко заспал после секс или лошо јадел после секс? Сексот е единствена разлика меѓу бракот и убаво пријателство и соработка меѓу цимерите. Поради сексот нашата љубов се чувствува уште пожива и свежа, а нас не’ зближува токму тоа што заедно делиме и го даваме тоа уживање.

Сексот не смее никогаш да биде жртвуван поради други предизвици, напротив…тогаш тој е ресурс за сила. Запоставен и пречесто жртвуван, а толку го олеснува животот и ги поврзува партнерите, еднаш кога тоа ќе го сфатиме. Ниту храната не ни е најважна во денот, па сепак без неа не можеме и не сакаме да се казнуваме со глад заради премногу обврски, стрес, и поради тоа што сме во трчање. Тогаш мора уште поквалитетно да јадеме.

Вана Ковачиќ

извор: АPortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: