Сега е време да се свртите кон себе

Сега…повеќе од кога било, потребно е да ѕирнете во длабочината на своето битие. Да ги побарате одговорите на прашањата кои долго ве мачат. Сега, повеќе од било кога е е важно да најдете време за себе. Да се запрашате што вистински ве радува и ви носи мир. И можеби да го направите она што никогаш не го направивте…

А тоа е да се ставите себе на прво место. И тоа како се чувствувате. Да се запрашате што навистина сакате и каде одите. Дали е тоа она што навистина ве радува?

Сега повеќе од било кога е време длабоко да размислите. Да освестите кои сте и да почнете навистина да ја поимите својата вредност. Да ги земете работите во свои раце…И длабоко во својата душа да почнете да го создавате она што сакате. Почнувајќи од ситни работи кои ве прават среќни.

Времето е сега. Да се свртиме себеси. Одвнатре да почнеме да создаваме некој нов свет. Подобар, поубав, порадосен. Да се фокусираме на она што сакаме. И што повеќе да се препуштаме на стравот, набљудувајќи го она што не сакаме. Да го земиме својот живот во свои раце и да направиме најдобро од него. Денес, сега, во овој момент да направиме нешто поинаку.

Да го задржиме фокусот на добро. Срцето на саканото. Мислите на она што не’ радува. И да не му даваме на никој да ни смета и да не однесе од нас самите. Кон она што не сме. Кон она што не’ вознемирува. Да останеме храбри и фокусирани. Да останеме насочени кон светлото. На радоста на моментот. На луѓето кои ги сакаме.

Благодарност за се’ она што имаме. И да го преиспитаме она во што веруваме. Кон што се стремиме. Дали очекуваме навистина нешто поинакво? Или само понекогаш се надеваме? Време е да се запрашаме…И можеби прв пат во животот, навистина да се свртиме кон себе

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: