Биди жена која знае кога е време да замине

Понекогаш не сфаќаме колку е нашата душа испреплетена со нечија душа додека не решиме да заминеме. Секогаш бараме причина да останеме. Дури и тогаш кога причините ги нема, ние ги пронаоѓаме иако не треба. Се плашиме да бидеме сами. Се плашиме дека никој друг нема да не’ сака. Мислиме дека ќе биде тешко да се започне нешто ново и да се пронајде некој нов, затоа остануваме.

Во состојба сме дури и да се обвинуваме себе само за да останеме, а не сфаќаме дека тоа не прави мизерни. Со сите сили се трудиме да останеме во врска, а не сфаќаме дека ни е подобро да си одиме. Не сфаќаме дека ако останеме ги правиме работите полоши од што се. Никој не треба да остане во врска која не му одговара и која е лоша за него. Биди жена која е подготвена да замине тогаш кога ќе сфати дека врската повеќе не одговара. Со личноста со која сте во врска треба да ви биде пријатно. Врската не треба да ви биде казна.

Биди жена која на никој не му дозволува да не ја почитува. Која не дозволува било кој да ја навредува и ја нарекува со погрдни зборови. Биди жена која нема да чека тој да се промени, која е подготвена да замине кога ќе сфати дека тој не е клуч на нејзината среќа. Биди жена која не наседнува на лаги. Биди жена која нема да поверува секој пат кога ќе и’ се каже дека е сакана само затоа што останува со него.

Биди жена која нема да остане од навика, бидејќи во врска која станува навика нема љубов. Биди жена која е подготвена да замине иако и’ е тешко да замине, знаејќи дека тоа нема да ја упропасти. Можеш да плачеш, но тоа е затоа што твоите чувства се вистински, а не затоа што сакаш да останеш. Биди жена која не се плаши да ризикува, бидејќи длабоко во себе знаеш дека вашата среќа е важна. Биди жена која е подготвена да го скрши своето срце така што ќе го напушти оној кој не е достоен. Биди жена која не се плаши да замине бидејќи знае дека нејзиното срце ќе зацели. Биди жена која знае дека заслужува повеќе од живот, која бара искреност, љубов и почитување и не се согласува на ништо помалку.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: