Животот е навистина една жена!

Немој да му дозволиш да си оди и да се враќа кога ќе посака. Тој не е твој, а ти не си негова, тој е само со тебе. Не мислиш сигурно дека љубовта е така површна за да дозволи нејзиното име да се користи за односи во кои ја нема?

До несогласување помеѓу двата света, нашиот и на партнерот, често произлегува од различни начини на изразување. Секој разум може во друг свет за иста работа да се изразува на друг начин. Поради тоа доаѓа до несогласување кои не се како што ние мислиме, последица на различни очекувања, туку едноставно несогласувања во изразувањето. Дури и кога со некој сме слични, сите по малку сме поинакви едни од други, малку луди кога е во прашање љубов…Но, светот е лудо место. И кога ќе најдеш некој чија лудост се поклопува со твојата, вашата заедничка лудост е она што ја нарекуваме љубов. Ако си дозволиме, ако си дадеме шанса, еднаш во животот ќе најдеме некој како нас.

Како тоа некои луѓе успеваат да пронајдат вистинска љубов за која ние читаме во книгите? Така што дозволуваат да ја пронајдат. Таа да ги пронајде нив. Најголемата битка е помеѓу она што знаеш и она што чувствуваш. Но, во некоја фаза од животот сфаќаш дека битките треба да ги бираш. Не треба да се бориш за се’ и секој, посебно не за оние кои не се борат за тебе.. Оние, против кои мораш да се бориш, тебе веќе одамна те оставиле.

Дозволи си да бидеш среќен или среќна, бидејќи животот е прекраток за да не си ја дадеш таа шанса да ја испробаш онаа вистинската, искрена љубов, за каква секој од нас е роден, а која умира, бидејќи не и’ дозволуваш да живее. Лошите односи не се судени. Во ред е понекогаш да дојде до ситна препирка или кавга, во ред е некогаш да имаме различно мислење и ставови, но не е во ред да се останува во однос во кој некој те изневерува. Во односот кога некој не верува во тебе, ја спречува твојата слободна волја или влијае на тоа да му се пролагодиш. Не е во ред да се остане во однос во кој си омаловажуван или се чувствуваш помалку вредно. Никогаш поради никој, а најмалку поради личноста која ја сакаме, не треба да се чувствуваме така.

Зарем не ја посакуваме сите онаа посебна љубов? Оној, со кој можеме да ги живееме своите соништа, а не само да ги сонуваме? Зарем не веруваме сите всушност дека такво нешто навистина постои? Зборот љубов, психолозите, уметниците, маркетинг стручњаците и сите кои си даваат за право да ја дефинираат, ја направија речиси неупотреблива за јасна комуникација. Таа ни стана нејасна, а кога нешто ќе стане нејасно, за нашиот ум тоа претставува потенцијална опасност. Опасноста создава страв. Чувствуваме страв кон емоциите, бегаме од разбирањето на истите. Чувствуваме страв кон емоциите, страв од љубов, страв од тоа дека ќе бидеме разочарани, страв дека бараме нереално, бидејќи некој не’ уверил дека вистинска љубов не постои.

Нема формула по која ќе ја најдеме вистинската љубов, таа ни е судбински одредена, можеме само да дозволиме да се случи. Ако останеме во погрешен однос, ја продолжуваме агонијата, се полниме со негативна емоција и таа нема да се случи додека не се тргнеме од неа. Тргни се од луѓето кои те прават несреќна и дај си шанса за љубов. Немој да бидеш онаа иста. Не дозволувај да си оди кога ќе посака, бидејќи ќе знае дека има кај да се врати. Тој не е твој, ти не си негова, тој е само со тебе. Да, полесно е да се убедиме самите, да не мислиме за тоа, бидејќи на другите им е уште полошо. Но, на некои други им е подобро.

Легендарниот Балашевиќ еднаш рече дека вистинската љубов е тажна. Какви се тогаш оние кои не се вистински Но, од каде сега пак тоа? Вистинската љубов е среќна всушност. Исполнува. Вистинската љубов дава слобода. И не е слепа. Вистинската љубов гледа повеќе, а не помалку. Вистинската љубов е трајна и прекрасна. И едно е сигурно- вистинската љубов не може да се промаши!

извор: obitelj.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: