Зошто молчењето на жената е поопасно од нејзините зборови

Не се плашите од конфликтот. Плашете се од денот кога таа ќе престане да се обидува. Бидејќи, кога жената ќе застане, тоа значи дека повеќе не се плаши да си замине.

Жените зборуваат со јазикот на емоцијата. Преку неа можат да се отворат и да бидат свои со своите партнери. Тие не им веруваат на оние кои ги кријат и се срамат од своите чувства, бидејќи тие сами преферираат да не кријат она што го чувствуваат. Кога жената ќе започне конфликт и ќе ви ‘истури’ примедби, тоа не значи дека односите дојдоа до крајот. Таа се грижи за партнерот, плашејќи се дека ќе го изгуби.

Не треба да се грижите, бидејќи некој е подготвен да се бори до крај за вашата врска. Не се плашете, дури и кога и двајцата сте заглавени во несогласувањата. Треба да се направи се’ што е можно за смирување, а потоа да се дојде до разумен компромис. И што е уште поважно, треба да ја цениш својата среќа: бидејќи имате нешто вредно поради кое треба да се борите. Не го земајте партнерот здраво за готово, но не паничете кога ќе се соочите со проблемите. Ценете го тоа дека вашата втора половина е подготвена да ви се отвори. Таа заслужува почитување за својата одлучност се’ да поправи и да ја спаси вашата љубов.

Бесот и стравот се исто така емоции. Многу моќни. Понекогаш зборуваат многу повеќе од љубов. Верувале или не, не треба да се грижите кога таа ќе започне ‘борба’. Затоа што тоа е се’ поради љубов. Конфликтите се нормален дел на односот. Ако некој ви каже дека никогаш не ги разјаснува односите со својот партнер, тој ве залажува.

Несогласувањето е дел од нашиот живот. На крајот, сите сме емоционални, со различни вкусови и бескрајни комбинации на единствени карактеристики. Кога станува збор за односи, конфликти во разумни граници се она што ни помага да се отвориме едни кон други. Ни помагаат да осознаеме повеќе за себе и за нашиот партнер. Тие ни помагаат да се грижиме, прифаќаме или да промениме она што ни се допаѓа. Ни помагаат да растеме.

Ако жената замолчи, таа престанува да се бори за вас. Одлучи да застане. Вие повеќе не вредите ниту една нејзина емоција. Кога жената ќе замолчи, очигледно е дека пламенот кој гореше во нејзиното срце се угаси. Нејзиното срце кое некогаш сакаше стана ладно и се претвори во кристал од мраз.

Кога жената сака, подготвена е да се бори до самиот крај. Таа го вложува своето срце, својата енергија во исправање на ситуациите. А кога ќе замолчи, знајте: нема враќање. Молчењето на жената значи дека застана. Подготвена е да ве пушти. Не сте повеќе вредни за нејзиниот напор.

Имајте во вид дека емоцијата и искреноста им значат многу на жената. Затоа не се плашете од своите емоционални ерупции. Не се плашете од конфликти. Плашете се кога таа ќе престане да се обидува. Плашете се од нејзиното молчење. Тој момент кога се обидувате да ја пецнете, а таа не реагира. Бидејќи кога жената ќе застане, тоа значи дека не се плаши да замине.

извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2018/10/pochemu-molchanie-zhenshhinyi-opasnee-chem-ee-slova

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: