Кога еднаш ќе ги отворите очите, повеќе нема враќање назад

Постојат повреди кои не ги гледаме на своја кожа, туку ни ги отвораат очите. Кога тоа ќе се случи, немаме друг избор туку да ги собереме деловите од нашата скршена среќа, повторно да ги составиме и да ги претвориме во достоинство.

Затоа мора да се сакате себе и да гледате со високо крената глава и со одлучен поглед. Сепак, не треба да очекувате невозможно. Таквите процеси на реализација или увиди не се одвиваат само после болно искуство кое ќе не’ погоди неподготвени. Понекогаш се сублимирани, потикнати од поодамнешни многу помали повреди кои со тек на време создаваат голема рана. Тие мали рани се незабележителни, но секогаш приситна гласина која конечно не’ уверува во нешто што од почеток го знаеме.

Во духовна смисла станува збор за ‘трето око’. Според будизмот и хиндуизмот, третото око е центар на нашата свест и интуиција која ни овозможува повторно да застанеме на нозе. Ни овозможува да ја достигнеме состојбата на свест во која можеме да воочиме работи кои ни бегаат. Тоа е најверојатно нашиот најголем проблем: гледаме а не гледаме тоа што треба. Често се препуштаме на својата рутина додека не’ потонеме во незадоволство.

Еднакво вообичаена навика е да останеме во врска во која даваме се’ од себе, но таа за возврат носи само несреќа. Соочување со оваа стварност бара повеќе од нечија причина. Мора да превземете потполна одговорност за себе. Вистината можеме да ја дознаеме само ако навистина сакаме да ја дознаеме. Дури тогаш нашиот ум може навистина да воспостави контакт со околината и нејзините безбројни карактеристики. Ова не е лесно. Потребна е намера, интуиција, критичко размислување и над се’ храброст стварноста да се разбере онаква каква што е навистина, а не онаква каква што ја сакаме.

Често избегнуваме да ги видиме работите онакви какви што се. Има многу причини. Можеби се плашиме од себе и сознанието кои сме ние. И кога ќе стигнеме до неа, кога конечно ќе ги отвориме очите, нема враќање назад: време е да делиме, да се активираме, да се менуваме себе и својот живот.

извор: unuqorner

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: