Кога ќе дојде тишината и конечно ќе кренеш раце…

Не го чекајте петок за да бидете слободни. Ниту лето да правите она што сакате. Не чекајте некој, за да ве направи среќни. Таа не зависи од никој, ниту од било што однадвор. Среќата зависи само од вас.

Затоа престанете да очекувате нешто или некој и уживајте во својата душа. Се’ зависи од вас, живејте сега и сакајте го својот животот со сето срце.

Понекогаш животот ви дава можност во однос на приликите- некои кои ги посакувате, а за кои воопшто не размислувате. Некои можности доаѓаат само еднаш. Некои се прекрасни и ви го менуваат животот на подобро. Другите се смислени да постојат, само да ви помогнат да растете и еволуирате.

Животот е процес на учење. Тоа е метеж, раст, среќа, очај, проблеми, стрес, насмевки, љубов. Понекогаш работите одат добро, понекогаш се поприлично катастрофални. И тоа затоа што животот нема мирен пат, тој е исполнет со издигнувањa и падови, со убави и помалку убави моменти.

Но, тоа не значи дека мора да се откажете и да чекате работите да се решат и некој да ве спаси. Тоа не значи дека мора да бидете мирни на своето место и да гледате што се случува. Време е да превземете контрола над својот живот. Време е да излезете од зоната на комфорот и да искористите се’ што се случува околу вас. Време е да рескирате, растете и вистински да живеете.

Животот е прекраток за да се чека вистински момент. Следете ги своите соништа, борете се за она што сакате, живејте го секој ден како да ви е последен.

Што е најлошо што може да ви се случи? Нема да успеете…но, ќе научите една од најважните лекции на својот живот. Не се откажувај…бидејќи за тоа и всушност се работи во животот.

Извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: